Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам)

„Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин плус, тоалетна хартија, брашно и слично за да не ми снема ненадејно и потоа да морам да трчам во маркет“.

domakjinski-trikovi-so-koi-lugjeto-si-go-olesnuvaat-zhivotot-01.jpg

Ако сме реални, тогаш ќе признаеме: „Презафатени сме и животот е тежок на моменти“, па затоа е потребно да си го олесниме на секој можен начин.

Луѓе на Редит откриваат како успеале да го направат тоа.

Идеи на тема „Трикот во домаќинството кој ми го олеснува животот“:

„Пред да купам нешто, секогаш се прашувам ‘Дали ова ми е потребно или го сакам?’.

Aко ми е потребно - го купувам, ако го сакам - чекам неколку седмици и ако тогаш уште го сакам, дури тогаш го купувам. Искрено, многу пати се премислувам и штедам вака“.

„Пред пазарење на намирници, секогаш прво го чистам фрижидерот. Така се потсетувам што ми недостига“.

domakjinski-trikovi-so-koi-lugjeto-si-go-olesnuvaat-zhivotot-05.jpg

„Кафето што ми останува си го замрзнувам, па со коцките замрзнато кафе си правам ледено кафе кога сум во брзање“.

domakjinski-trikovi-so-koi-lugjeto-si-go-olesnuvaat-zhivotot-02.jpg

„Мразам да чистам, но се обидувам секогаш да сработам нешто кога ја напуштам собата, без разлика дали тоа е фрлање на отпадок, носење на чинија во машината за садови или диплење на парче облека, така домот ми е уреден, без премногу вложен труд“.

„Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно кога станува збор за работите во домаќинството. Односно секогаш сакам да имам шише зејтин плус, тоалетна хартија, брашно и слично за да не ми снема ненадејно и потоа да морам да трчам во маркет“.

domakjinski-trikovi-so-koi-lugjeto-si-go-olesnuvaat-zhivotot-06.jpg

„После секое туширање го поминувам стаклото од туш кабината со крпа за да не ми фаќа бигор и така ми е постојано чиста“.

„Си правам услуги на себе, односно денес си ги завршувам работите планирани за утрешниот ден, како што е ставање на бензин во автомобилот или пеглање на облеката навечер, наместо наутро пред одење на работа, како и подготовка на оброк“.

domakjinski-trikovi-so-koi-lugjeto-si-go-olesnuvaat-zhivotot-03.jpg

„Имам правило од 5 минути, односно задачата во домаќинството што ми паднала на ум, ако може да биде готова за помалку од 5 минути – ја правам веднаш“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Цвеќарски трикови за природните букети да ви траат подолго и да изгледаат раскошно Знаевте ли дека букетот со свежо цвеќе оставен во близина на чинија со овошје ќе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg