Кој е најдобриот начин на исхрана за вас според возраста?

Најголемиот мит што им претставува проблем на луѓето е мислењето дека постои „совршената диета“.

koj-e-najdobriot-nachin-na-ishrana-za-vas-spored-vashata-vozrast-01.jpg

Проблемот со ова е тоа што не постојат две исти човечки тела, па диетата што е добра за еден, речиси сигурно нема да му одговара на некој друг.

Сепак, во зависност од вашата возраст, постојат видови храна што би требало да ги избегнувате, како и храна што треба да ја внесувате почесто.

Затоа, погледнете која храна е најдобра за вас според вашата возраст:

Тинејџерски години

Во оваа фаза од животот, телото расте и се развива. Тоа значи дека му се потребни многу хранливи материи.

Но, токму ова е периодот и кога луѓето почнуваат да го прескокнуваа појадокот, а исхраната воглавно им се состои од брза храна.

Ако сте во тинејџерските години, обидувајте се да појадувате секој ден.

Не значи дека мора да се откажете од омилената брза храна, но обидете се да го намалите нејзиното количество. Истовремено, внесувајте храна богата со калциум, протеини и железо.

koj-e-najdobriot-nachin-na-ishrana-za-vas-spored-vashata-vozrast-02.jpg

20-ти

Штом ќе стигнете до 20-тите, би требало да ја замените брзата храна со здрава. На пример, чипсот заменете го со пуканки, млечното чоколадо со темно, сладоледот со јогурт, хамбургерот со пилешко и слично.

Почнете да внесувате храна богата со фолна киселина и омега 3 масни киселини, како зелен лиснат зеленчук, леб, тестенини, јаткасти плодови, лосос и чиа семе.

koj-e-najdobriot-nachin-na-ishrana-za-vas-spored-vashata-vozrast-03.jpg

30-ти

Во овој период од животот настануваат многу промени во организмот. Токму поради тоа, обидете се да внесувате храна што ги зајакнува коските и мускулите.

Храната богата со протеини, како јајца, семки, јаткасти плодови, продукти од соја, пилешко и киноа ви се најдобриот пријател.

Почесто консумирајте и млечни производи за да го одржите здравјето на коските.

Консултирајте се со вашиот лекар за да дознаете дали ви се потребни додатоци во исхраната со калциум и протеини.

koj-e-najdobriot-nachin-na-ishrana-za-vas-spored-vashata-vozrast-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg