3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа?

Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за прочистување на организмот. Но, дали е добро да се држи диета само со лубеница и колку е ефикасна?

Prochistuvanje-na-organizmot-so-lubenica-dali-ovaa-dieta-ima-efekt-i-koj-smee-da-ja-drzzi-01.jpg

Постојат повеќе видови диети со лубеници, а доста популарно е таканареченото прочистување на организмот со лубеница.

Оваа диета подразбира релативно краток период на гладување, по што би требало да се вратите на нормалната исхрана.

Додека трае диетата, три дена не треба да јадете ништо друго освен лубеница, па затоа пред да почнете со вакво прочистување добро би било да се консултирате со лекар.

Овој метод на прочистување на организмот е мошне популарен затоа што лубеницата има малку калории, го хидрира организмот и богата е со влакна, но има и негативни страни.

Prochistuvanje-na-organizmot-so-lubenica-dali-ovaa-dieta-ima-efekt-i-koj-smee-da-ja-drzzi-02.jpg

Што можете да очекувате од 3-дневната диета?

По чистењето на организмот можно е многу брзо да се вратат загубените килограми, особено кај оние што веднаш им се враќаат на лошите навики во исхраната.

Најдобро е по диетата да јадете полесна храна и постепено да ги воведувате другите продукти. На пример, според една варијанта можете да имате два полесни оброка во текот на денот, а како ужина да земете лубеница.

Според нутриционистката Џесика Маркус, ваквите типови диети им се допаѓаат на луѓето затоа што се структурирани, но не се долготрајни.

Особено значајно е и тоа што речиси и да нема некој што не сака да јаде лубеница во топлите летни денови.

„Диетата со лубеница на некој начин повеќе е прочистување и се потпира на фактот дека лубеницата содржи над 90 отсто вода.

Значи, има малку калории и има витамини и минерали, освежува и ќе ви помогне да се чувствувате сити, барем привремено“ – вели таа за Healthline.

Prochistuvanje-na-organizmot-so-lubenica-dali-ovaa-dieta-ima-efekt-i-koj-smee-da-ja-drzzi-03.jpg

Сепак, пред да одите да купувате лубеници и да почнете со брзо чистење, мора да земете предвид уште неколку важни факти.

Прво, затоа што ова е мошне рестриктивна диета, треба да бидете свесни дека во вашата исхрана нема да внесувате протеини.

Од тој аспект, оваа диета не се препорачува за деца, бремени жени или за некој што има здравствена состојба поради која мора да има посебен режим на исхрана (дијабетичари) или пак доколку имате намален имунитет.

Ефектите од оваа диета се мошне краткотрајни, но може да ги искористите во друга насока.

Маркус вели дека доколку сте во добра здравствена состојба и доколку имате план како понатаму да продолжите со исхраната, а сè што ви треба е добар метод за „отскокнување“, тогаш може да се обидете.

Сепак, пред да се обидете да ја држите оваа диета најдобро е да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека таа одговара за вас и за вашата здравствена состојба.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава