„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден?

Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбовиќ, кој му правел план за исхрана, а понекогаш бил и негов готвач.

dietata-na-tito-ja-sostavuvale-vrvni-eksperti-od-1960-tite-shto-jadel-marshalot-vo-eden-den-01.jpg

Јосип Броз Тито надалеку бил познат како голем гурман и маж со специфичен вкус.

Сакал да јаде сè, па бидејќи знаел и да претера од 1960-та со него секаде патувал Бранко Трбовиќ, кој работел како негов нутриционист, му правел план за исхрана, а бил и негов готвач.

Своите сеќавања поврзани со работата кај маршалот ги споделил во книгата „Менијата на славните личности - Како се хранеше Јосип Броз Тито“.

Трбовиќ во книгата споделува конкретни менија подготвени за доживотниот претседател на Југославија.

Еден пример од менито на Тито е од 04.11.1961. Таму пишува дека исхраната ја составил и надгледувал професор д-р Беровиќ, а ја имплементирале Стипе Радовановиќ и Божо Вујиќ. Јадењето го подготвил готвачот Герица Иво, а го послужил Владо Ќириќ.

dietata-na-tito-ja-sostavuvale-vrvni-eksperti-od-1960-tite-shto-jadel-marshalot-vo-eden-den-03.jpg

Што содржела диетата на Тито за тој ден?

Појадок:

Црно кафе (140ml)

Шлаг (20g), бел леб (20g), путер (5gг)

Во 11 часот: пилешки копани во супа (100g), бел леб (20g)

Вкупно 115 калории

Ручек:

Tелешки гради (120g), масло (5ml)

Печени компири (50g)

Вргањ во оцет (20g)

Зелена салата (30g), црвена зелка (30g), масло (5ml)

Црн леб (20g)

Десерт: кнедли со сливи - сливи (20g), компири (20g), брашно (5g), шеќер (5g), ¼ јајце

Вкупно 589 калории

dietata-na-tito-ja-sostavuvale-vrvni-eksperti-od-1960-tite-shto-jadel-marshalot-vo-eden-den-02.jpg

Ужина во 16 часот

1 чаша јогурт (114 калории)

Вечера:

Говедска супа (150ml), поширано јајце

Раженчиња од бело пилешко месо (50g), сафалада (40g)

Помфрит (20g), масло (5ml)

Салата - кисела зелка (50g), кисела пиперка (50g), масло (5ml)

Десерт - јаболка (100g)

Вкупно 392 калории

Ужина во 21 часот:

Сафалада (150g)

Вкупно во еден ден: 1605 калории; протеини 101,3; масти 85,9; јаглехидрати 145.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg