Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена
Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку за да го снабди телото со „гориво“ за врвни перформанси.

Дневните навики во исхраната на балерините кои треба да го одржуваат нивото на енергија и да ги поддржат физичките перформанси, се основата за секоја балерина да е со оптимално здравје, но и да биде ефикасна при балетскиот тренинг.
Освен здравата исхрана, балерините повремено ги јадат и своите омилени закуски, но тоа се случува во нивните слободни денови.
Ова покажува дека балансот во исхраната е клучен за менталната благосостојба, но и за одржување на дисциплината која им е и повеќе од неопходна на балерините.
Ако сакате да ослабете, можете да ја пробате оваа диета, специјално дизајнирана за руските балерини.

Планот за исхрана се базира на форсирање на само еден вид храна во текот на секој ден од диетата.
Ако се придржувате до пропишаниот план, а притоа вклучите и физички вежби, кои ќе го забрзаат метаболизмот, можно е да намалите и до 5kg за една недела.
Се препорачува да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете каква било диета.
ЗАБЕЛЕШКА: Оброците треба да се подготвуваат без масло, сол и лути зачини, а важно е да пиете многу вода.

