Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена
Неделно мени:
Ден 1
Првиот ден е дозволено да јадете зеленчук во неограничени количини - печен, сиров или варен.
Ден 2
Следниот ден на менито има месо. Се препорачува пилешко или мисиркино месо, вкупно 800g. Оваа количина распоредете ја во еднакви порции во текот на денот.

Ден 3
Во текот на овој ден се дозволени околу 1kg овошје и 400ml кефир или јогурт.
Ден 4
На четвртиот ден се јаде само супа во неограничени количини. Овој ден ќе ви овозможи целосно да го детоксицирате телото.
Ден 5
Распоредете 800g риба во три оброци и со нив јадете зелена салата или зелка во неограничени количини.
Ден 6
Ова е ден за каши, а во предвид доаѓаат овесна, каша од хељда или ориз. Но, не јадете повеќе од 700g производи дневно.
Ден 7
На последниот ден од диетата на менито e зеленчук во неограничени количини.

Важни совети:
Јадете помали, почести оброци (на секои 2-3 часа) за да одржите стабилна енергија во текот на целиот ден , особено кога сте на овошје или зеленчук.
Пијте многу вода, а внесувајте и калциум, витамин Д и железо.
А. Ј. | Црнобело
