Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат

Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рамен стомак и да се ослободите и од подуеноста кога диетите не ви помагаат?

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-01.jpg

Понекогаш давате сѐ од себе за да ослабите и правите сѐ што треба, но ви се чини дека стомачето не сака да се израмни и мака мачите со подуеноста.

Неретко, освен тоа што внимавате колку калории внесувате, треба да водите сметка и за некои други важни работи што се поврзани со начинот на исхрана и здравиот живот и кои може да ви помогнат да го израмните стомакот.

Порталот Good Housekeeping издвојува 20 совети од нутриционисти и експерти што може да ви покажат зошто стомакот не ви е рамен иако упорно држите диета и внимавате на исхраната.

Во продолжение ги издвојуваме нивните совети:

Не сте провериле дали имате нетолеранција кон одреден вид храна

Нетолеранцијата на лактоза или глутен може да предизвика создавање на гасови, подуеност и други проблеми со дигестивниот тракт.

Ако се сомневате дека имате нетолеранција кон некои видови храна, најдобро е веднаш да консултирате лекар.

Тријте го стомакот

Нежната масажа на стомакот може да ги стимулира мускулите во пределот на стомакот и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот гасови и ќе ја намалите подуеноста.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-04.jpg

Јадете од помала чинија

Кога јадете големи количества храна, телото мора да работи напорно за да ја свари, па заради тоа може да се чувствувате прејадено и подуено. Најдобро е да јадете по неколку помали оброци во текот на денот.

Внимавајте на слатките

Кај некои луѓе фруктозата и лактозата можат да предизвикаат подуеност, а исто така шеќерите може да го нарушат и нивото на здрави бактерии во стомакот. Ако ви се јаде нешто благо, земете јаболко или некое друго овошје.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-15.jpg

Внимавајте на алкохолот

Кога консумирате алкохол, метаболизмот се забавува за да може полесно да го обработи, па истото се случува и со храната што во тоа време ја консумирате.

Затоа, ако сакате рамен стомак, избегнувајте целосно да консумирате алкохол.

Побарајте ензими

Одредени ензими како лактаза, целулаза, амилаза и други може да ви помогнат полесно да стигнете до рамен стомак затоа што ги разбиваат шеќерите во организмот, но пред да одите во аптека и да ги побарате, задолжително консултирајте се со лекар или со нутриционист.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-11.jpg

Не ги прескокнувајте тренинзите

Дури и во деновите кога не можете да одите во теретана, добро би било во денот да одвоите барем 30 минути за пешачење.

На тој начин ќе ја намалите подуеноста и ќе го поттикнете организмот да почне да ги гори калориите.

Внимавајте на стресот

Кога сте вознемирени, телото го зголемува производството на стероиди и стрес хормони, што негативно се одразува врз дигестивниот систем и може да предизвика констипација.

Исто така, стресот го зголемува производството на кортизол, хормонот што нѐ тера да се заштитиме и ги испраќа сите масти во пределот на стомакот со цел да ги заштити органите.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-02_copy.jpg

Избегнувајте да пиете со сламка

Можеби ви звучи чудно, но кога пиете со сламка, истовремено голтате и воздух што останува заробен во вашиот стомак.

Внимавајте како седите

Кога седите добро, вие автоматски работите и на тонирање на мускулите во стомакот. Лошото седење не ви е сојузник во борбата со подуеноста.

Исто така, потрудете се да се истегнувате по неколкупати во текот на денот.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Девојки тврдат дека ослабеле така што јадат повеќе – Зошто „реверзивната диета“ по која младите „пол... Дали диетите со изгладнување па зголемување на бројот на калории се безбедни? Шт...
„Пробав да ја држам диетата со која Клои Кардашијан ослабе 20kg – цел ден јадам и пак сум гладна“ „Ми се чини дека цел ден има само два оброка и сè друго е овошје и зеленчук“, „А...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg