На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само 15 минути“
- Детали
- петок, 10 јули 2026
„На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во ресторани и таверни. Главните јадења се движеа од 12 до 20 евра, свежата риба е нешто поскапа, а грчката салата е околу 8 до 10 евра“, вели Маја, една од најзгодните учителки кај нас, за CRNOBELO.com.

Маја Глигоровска, нашата манекенка и една од најзгодните учителки во Македонија, својот летен одмор годинава го поминува на Сани Бич во Грција.
Таму е со пријателка, со која патувале со автомобил, а на граница, чекале само 15 минути.

За своето летување, Маја, која плени со својот изглед и русата коса, раскажа детали во разговорот за CRNOBELO.com:
„Ова лето бев на Сани Бич, место со убави плажи и одлична атмосфера за одмор и забава.
Дотаму стигнавме со автомобил. Тргнавме околу 10 часот од Скопје, па на граница поминавме многу брзо, за околу 15 минути.

Не е првпат да летувам таму, веќе ми е омилена дестинација.
Бев со другарка, па одморот беше уште поубав, и исполнет со многу убави моменти кои ми оставија убав впечаток.
Бевме сместени во куќа многу блиску до плажа, што ни овозможи секој ден лесно да уживаме во морето.

Кога сум на одмор сакам да посетувам различни плажи, но овој пат имавме и денови кога само се релаксиравме на една плажа со лежалки.
Најчесто и избиравме плажи кои имаат сопствени лежалки.

Што се однесува до цените, искрено не ми се виде дека се многу различни од лани.
Лежалките најчесто се движат од околу 50 до 300 евра за сет, во зависност од плажата и дали во цената е вклучена консумација или не. Кафето во бич бар е околу 6 до 8 евра.

Кога сум на одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во ресторани и таверни.
Таму главните јадења се движат од 12 до 20 евра, свежата риба е нешто поскапа, а грчката салата е околу 8 до 10 евра.
Ако седнат две лица на вечера со салата, главни јадења и по еден пијалак, сметката најчесто излегува помеѓу 150 и 250 евра.

Инаку, Сани Бич е живо место, полно со содржини - има прекрасни шеталишта, таверни, бич-барови и забави навечер.
