Александра од Куманово 12 години работи на брод: „Аферите помеѓу бродски екипаж постојат, но не како што сите замислуваат“

Александра од Куманово плови низ светот како супервизор на продавници за луксузен накит на крузери и за CRNOBELO.com го раскажува своето искуство од работа на брод и патувања низ светот – „Аферите помеѓу бродски екипаж постојат, но не е толку перверзно како што се замислува, а многу приказни завршиле со брак. Од места, Бахамите ми се најголемо разочарување“.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-01.jpg

Родена во Куманово, а во моментов во бродски карантин во Нормандија, Александра Димитријевска плови низ светот како супервизор на продавници за луксузен накит на крузери. Она што почнало како мала авантура за бегство од секојдневието, станало начин на живот и во последните 12 година таа е повеќе на море отколку на копно.

За CRNOBELO.com оваа млада авантуристка открива каков е бродскиот живот и сите згоди и незгоди што тој го носи. Таа вели дека најтешко е кога си далеку од саканите на важните датуми, а открива и дека нема опасност од бури на отворено море.

Александра вели дека ѝ недостасуваат само уште неколку мали парчиња од Азија и Африка за да може да каже дека го освоила светот, а во листата на омилени ѝ се Њујорк, Сиднеј и Барселона, додека дел од Бахамите ја имаат разочарано.

Колку долго работиш на брод, која компанија и позиција?

Хмм, просто неверојатно е дека од првиот пат кога стапнав на брод и си реков дека ќе е само еднаш, поминаа 12 години.

Почнав како спа терапист за Carnival Cruises и Disney, меѓутоа по кратко време ја сменив позицијата и седум години работев за Duty Free Shop Onboard, од обичен продавач до менаџер.

Подоцна преминав во индивидуалната компанија за накит од Њујорк каде што работев како District Brand Manager во последните три години.

Но, сега после пандемијата се вратив како Супервизор за луксузната компанија EFFY NY за накит со сопствени продавници на крузери.

Ја имав таа привилегија да работам со 80% од познатите бродски компании како Carnival, Royal Caribbean, NCL, Celebrity, Holland, Disney, P&Q, MSC.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-02.jpg

Кое е најскапото парче накит што го имаш продадено?

Не можам да издвојам конкретно, а едно од нашите правила е никогаш да не зборуваме конкретно за цифри. Можам да кажам дека е помеѓу 50.000 и 500.000 американски долари.

Кој најмногу купува накит?

Не постои конкретен профил за тоа. Наши клиенти се сите, од некој што сака да купи сувернир за себеси до некој што го купува најскапото и најубавото парче за својата сакана.

Тука сме за да креираме незаборавно искуство за сите, бидејќи ние како бренд веруваме дека секој клиент е важен и дека нема ништо поубаво од тоа да си дел од нечие сеќавање.

Како се роди идејата да работиш на брод?

Едноставно желбата да избегам од секојдневноста и за жал ограниченоста на нашата држава. Тоа е нешто што се случи како случаен Google Search и заминав за само десет дена, така да како што самата мислам – нешто што требало да се случи, судбински.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-16.jpg

Која е најголемата животна лекција што ја научи од твојата бродска кариера?

Имав толку многу лекции низ годините, секој учи додека е жив и во различни етапи од животот учиме различни лекции кои тогаш ни се поволни.

Можам да издвојам една од највредните, а таа е дека сите мора да се сакаме и цениме себеси првенствено и дека сите сме способни да го освоиме светот доколку навистина сакаме, сите во себе имаме невиден потенцијал и не дозволувјате никогаш никој да ви каже поинаку.

Колку земји имаш посетено досега?

Ухх, одамна престанав да бројам.

Можам да кажам дека ми се останати уште неколку помали делови од светот, мал дел од Азија, Јужна Африка и Америка. Тоа е едно од најголемите богатства што оваа работа ми ги има подарено.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-06.jpg

Кое е твоето омилено пристаниште?

Неблагодарно и невозможно е да се издвои само едно, се вљубив повторно 1000 пати во многу места ширум светот.

Но, како ultimate favorite би ги издвоила Њујорк, Сан Хуан - Хондурас, Сиднеј и Барселона.

Кое е место кое те разочарало и според тебе не вреди да се посети?

Прво реално разочарување ми беше Насау, Бахамски Острови. Нечисто, пренатрупано и нерално претставено.

Кои се придобивките од работата на брод?

Првично, секако е материјалната придобивка, меѓутоа тоа не може да се спореди со животното искуство кое го стекнуваш како личност која треба да се снајде во различни работни средини и да работи со различни националности.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-10.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg