Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татко ми и дедо ми“

Колку ти се важни реакциите на публиката? Добиваш ли пораки во кои те фалат, критикуваат, бараат да ти бидат модели за да ги насликаш нив, па таа слика да ја закачат дома?

Сите сакаме позитивни реакции од публиката, но не можеш на секого да му се допаднеш, а тоа треба да се има предвид кога се работи за креативна работа.

Денес, во овој свет доволно е да си го најдеш кругот на твојата публика. Не се знае тој круг колкав ќе биде, но може и да те изненади.

Уметноста денес е таму каде што е баш поради тоа што ние како луѓе сме толку различни. Ако некој е вешт и упорен во својата работа, дефинитивно ќе го најде своето место.

Критики ќе има секогаш. Некогаш влијаат позитивно и може да ни помогнат, а и секако треба да си веруваш и себеси.

Тешко е да знаеш кога критиката е добронамерна или оправдна, но во креативна смисла, ако нешто ти е исковано во срце, а технички е добро сработено, најдобро е да си пружиш рака со душата.

mihail-korubin-moite-mi-napravija-prva-izlozhba-doma-na-6-7-godini-crtezhite-gi-zakachiv-gordo-i-chekav-publika-07.jpg

Потекнуваш од уметничко семејство... Како беше да се расте покрај толку врвни уметници?

Јас сум пораснат и во студиото на татко ми Рубенс, но и во студиото на дедо ми Миле, така што, кај и да присуствував бев опкружен со бои, слики, дискусии за уметност, нешто што ми беше едно сосема нормално секојдневие.

Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, јас гордо ги закачив моите дела и чекав публика.

Гостите, пријателите на моите дојдоа и ми ги купија нормално сите цртежчиња по 50-тина денари. Тогаш си помислив „Па ова лесно било, готово, јас сум успешен уметник“.

Како и повеќето деца почнуваш со имитација на повозрасните, да бидеш како нив, во нивниот круг -  на исто ниво.

Уметноста за среќа премина во пасија, а денес и професија која си остана врежана во мене поради што и ден денес уживам во креативниот процес.

mihail-korubin-moite-mi-napravija-prva-izlozhba-doma-na-6-7-godini-crtezhite-gi-zakachiv-gordo-i-chekav-publika-10.jpg

Ти беа ли секогаш родителите ветар во грб во однос на уметноста?

Убаво е да имаш присутни родители за совет и критика, во моето опкружување е и брат ми кој е секогаш спремен да помогне. Тој можеби не е по професија уметник, но сепак и тој е израснат во истите ателјеа, каде што си има развиено сопствена естетика.

Во однос на сликањето, татко ми како сликар со многу големо искуство ми е секогаш тука на располагање за дискусија.

Секогаш сум сакал да научам повеќе, а и свесен сум дека си треба време за сè и ако имаш некој покрај тебе понекогаш патот е некако појасен или барем имаш рака онаму каде што е пострмно.

Тоа е добро до некаде, но уметноста сепак си бара публика и тука веќе си сам на себе.

Јас и татко ми сликаме и твориме различно, но како што реков, за секој ќе има по некој.

Како татко и син веројатно ќе прават споредби, но нас не нè засега тоа - се допираме во полето на цртеж, линија, фигурација, експресија, но сепак нашата креација завршува со различен уметнички ракопис.

mihail-korubin-moite-mi-napravija-prva-izlozhba-doma-na-6-7-godini-crtezhite-gi-zakachiv-gordo-i-chekav-publika-05_copy.jpg

Дали од друга страна тие беа најголемите критичари? Се случувало ли некогаш да кажат дека нешто не им се допаѓа? Како реагираш во такви ситуации?

Критичари да, но со разбирање. Со татко ми, како многу поискусен сликар, кога се разговара на тема техника, сè уште немам многу контра аргументи. Искуството си го прави своето и почесто отколку што си признавам е во право.

Кога дискутираме за креативната страна на моите дела, тука веќе се бориме за нашиот став. Секако си делиме совети и мислења за сликите.

Интересно е да слушнеш нешто што не би ни помислил, а гледаш дека фунционира многу подобро од твојата оргинална замисла.

Ние си ја почитуваме различната естетика така што нашата дискусија често се сведува на детали кои нема да го сменат нашиот ликовниот ракопис.

mihail-korubin-moite-mi-napravija-prva-izlozhba-doma-na-6-7-godini-crtezhite-gi-zakachiv-gordo-i-chekav-publika-09.jpg

Дали новата изложба ќе ја види само скопската публика или размислуваш и за презентација во странство? И дали е продажна изложба, на која посетителите ќе може да купат твои дела?

Делата не се директно за продажба на самата изложбата, но се продажни и ќе може да се набават во моето студио по изложбата.

Веројатно оваа година ќе имам уште една изложба во Македонија и уште две во странство.

Сè уште сме во преговори, па се надевам ќе имам точни информации што поскоро, па ќе можам да ги објавам.

mihail-korubin-moite-mi-napravija-prva-izlozhba-doma-na-6-7-godini-crtezhite-gi-zakachiv-gordo-i-chekav-publika-04_copy_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg