Џоко Ризов за искачувањето на Килиманџаро: „Чинеше повеќе од просечна годишна плата во Македонија, само јас бев со велосипед“

Какви се локалците?

Пристапот на локалното население кон мене беше доста гостопримливо.

Овде можам да нагласам дека тие во доста голем процент го владеат англискиот јазик, а со тоа комуникацијата се одвиваше беспрекорно.

received_1566647420760766-01.jpg

Дали имаше други планинари кои истовремено со тебе го искачуваа Килиманџаро?

Огромен број планинари кои ги среќавав дури ги поминував со својот велосипед, и тоа беше ден во кој мислам дека ги слушнав сите светски јазици.

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-01_copy.jpg

При планинарење, еден од најголемите предизвици е аклиматизацијата. Како ти се справи со температурните разлики?

Тука сум можеби и најгорд, успеав за само неполни четири дена да се искачам и тоа со велосипед, пркосејќи на предизвикот од висинска болест. Но, изгледа дека добро сум се подготвил.

Другите експедиции овој предизвик го имаа поставено за повеќе од една недела поради соодветна аклиматизација.

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-20.jpg

Покрај велосипедот, која друга опрема ја носеше со себе за оваа авантура?

Опрема која е потребна за тие височини – специјални обувки, ракавици, јакни и заштитни маски се она што е потребно за секој планинар, плус реквизити кои се потребни за велосипед.

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-10.jpg

Дали во некој момент помисли да се откажеш?

Уште кога си поставив за цел дека сакам да го искачам покривот на Африка, во себе си реков: не се враќам додека не успеам! А, верувајте имаше премногу тешки моменти, кои ме носеа до самиот раб.

received_1409269199634816-01.jpg

Раскажи ми малку за твоето искуство со африканското сафари?

Тука за првпат видов животински свет кој дотогаш го имав видено само по филмови и дел во зоолошка градина. Импресивно е од близина да се види лав, жирафи, зебри, слонови, бафало… Стварност која тука повеќе нема да ја видам.

Еден убав дел од експедицијата, духот на Африка е токму во сафарито.

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-07.jpg

Како ја доживеа Африка – први импресии, храната, што те воодушеви, а што те разочара?

Сосема различен свет од нашиот! Африка, односно Килиманџаро изобилува со прекрасни тропско-вулкански пејзажи и волшебна флора и фауна.

Но, бидејќи кога сум на планина навикнат сум сам да ја приготвувам својата храна, не бев нешто посебно инпресиониран од нивната кујна. Но, бев посебно изненаден од вкусовите на тропските овошја.

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-02.jpg

Кој е твојот следен подвиг или авантура?

На ова не застанувам, мојата приказна уште долго ќе ја допишувам…

dzoko-rizov-od-gevgelija-za-iskachuvanjeto-na-kilimandzaro-od-2000-planinari-samo-jas-bev-so-velosiped-15.jpg

За крај, ако можеш да ни кажеш нешто повеќе за трошоците за оваа експедиција?

За сите кои ќе сакаат да го постигнат ова што јас го направив, нека бидат подготвени за сериозен финансиски трошок кој ги надминува стандардите на нашите примања.

Потребна е сериозна заштеда и тука морам да напоменам доколку не беа моите спонзори, јас ова немаше да успеам да го постигнам.

Од срце им се заблагодарувам на: Casino FlaminGo Hotel, Општина Гевгелија, Piljara „Кај Кецот“, ГТК – Гевгелија Точак Клуб, ПСК – Двете Уши Гевгелија.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg