Лиле Ристова Стенсхорне живее во Осло: „И моите деца спиеја надвор на минусни температури, одат пеш на училиште без оглед на времето“

Каков град е Осло за живот? Дали е секогаш мирно во вечерните часови? Што е она што најмногу ве фасцинира во градот и начинот на живот?

Осло не е многу голема метропола. Градот излегува на фјорд. На лето е чисто, зелено, со многу природа, шуми, паркови, езера, ритчиња и плажи. Ноќите се бели. Има летни концерти, раздвижено е и весело.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01_1.JPG

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-02_1.JPG

На зима е снежно и бело. Улиците се заледени. Деновите се многу кратки. Доцна се разденува, и рано се стемнува. А, кога е облачно имаш чувство дека не се ни разденило.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-11.jpg

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-12.JPG

Тоа што најмногу ме фасцинира во овој град е што природата е сплотена со самата урбаност. Каде и да се движиш, зеленилото е околу тебе. Воздухот и водата се чисти.

Има одлични можности за прошетки и рекреација. Доколку некој сака да ја посети Норвешка, најубаво е да дојде во мај-јуни кога е идилично со Белите ноќи, или во декември-јануари за да доживее права зима како од приказните.

Есен и пролет знаат да бидат ладни, мокри, сиви и заледени.

Двете фотки подолу се направени ноќе:

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-02_2.jpg

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01_2.jpg

Какви се Норвежаните како луѓе? Дали без проблем прифаќаат странци? Има ли пријателски муабет со некој кој штотуку сте го запознале? Сакаат ли да се дружат?

Норвежаните се друштвени, но треба малку да се потрудиш. Да се биде социјален е на поинакво ниво овде. Дружбите им се повеќе во спортскиот дух, во движење.

Одат на разни активности во слободното време, сакаат пешачење во природа, трчаат, се искачуваат на ридови и слично. Повеќето се отворени кон странците.

Осло не е репер за Норвешка. Градот е мултикултурен. Но, во помалите места е поинаку. Познато е дека тие на север се топол народ со менталитет кој наликува на балканскиот.

Драстична е разликата од Осло каде што некогаш е тешко „Здраво“ да се каже. Но, не би ги нарекла „ладен народ“. Се чувствувам добредојдена овде. Има доволно комуникација и социјализација.

Осло важи за еден од најскапите градови за живот во Европа. Ќе сакате ли да споделите некои основни трошоци за живот?

Норвешка е скапа држава со висок стандард. Кога се преселив овде ми се чинеше како да се вратив во некогашна Југославија. Сите беа еднакви, сите имаа топол дом, доволно за храна, за сметки, и за било какви трошоци и задоволства. Немаше снобизам, докажување и оддавање важност.

Последниве години нештата полека се менуваат. Социјалните разлики растат, и сѐ повеќе се слуша зборот „сиромаштија“. Но, и сиромаштијата си има свои нијанси. Онаа сиромаштија која ја има кај нас во Македонија, тие не ја познаваат на своја кожа. Економски се сè уште силна држава.

Системот ти дозволува благосостојба во полето на здравството, образованието, социјалната помош, итн. Сите веруваат дека Норвежаните се богати поради своите природни ресурси, нафтата, рибата, електричната енергија, дрвото, и слично. Но, вистината е дека добрата кај населението доаѓаат пред сѐ од даноците од народот.

Да се оди на училиште или на универзитет е речиси бесплатно, како и престој во болница. Најмногу што нè чинеше кога се родија нашите две деца, Вероника и Ребека, беше паркингот за колата.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-33.JPG

Градинките се исто така делумно покриени од државата. Децата бесплатно се лекуваат до 18-годишна возраст, а возрасните плаќаат мал удел за преглед кај матичен доктор или специјалист.

Има многу примери, да не одам во детали, но важно е да напоменам дека овде важи правилото: „Доколку си возрасен и си здрав, се очекува да си во работен однос, како би придонел за доброто на сите, особено за оние кои се во криза, при болест, или било како загрозени и зависни од помош“.

Проблемот е што понекогаш ваквиот систем може да се злоупотреби, но свесни се за предизвиците, и постојано се дебатира на оваа тема и се изнаоѓаат нови решенија.

Пример за неколку цени: Градинките за деца чинат околу 3500 НОК (300 ЕУР) на месец по дете. Месечна карта за колективен транспорт за возрасно лице чини 850 НОК (73 ЕУР). Кафе од кафетерија чини 40 НОК (3,5 ЕУР). Млеко и леб е околу 70 НОК (6 ЕУР). Табла од 12 јајца чини околу 50 НОК (4,3 ЕУР).

Какви се вашите соседи, може ли да ни доловите во какво „маало“ живеете, дали е сѐ навистина совршено организирано како што добиваме претстава честопати за сите скандинавски земји?

Соседството каде што живеам е во источниот дел од Осло. Во населбата преовладуваат куќи, но има и згради. Наликува на скопското Тафталиџе, каде што пораснав. Со соседите сме во добар однос.

Мирно е, и нѐ посетуваат срни кои живеат во дворовите на луѓето, па така често доаѓаат и кај нас.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01_3.JPG

Со неколку од соседите сме повеќе поврзани, пред сѐ поради возраста на децата и обврските околу нив. Често имаме поделена одговорност за носење и земање на децата од разни активности, па така и ние се спријателивме со возрасните.

Дружбите најчесто се одвиваат на самите спортски активности на децата. На пример, за време на фудбалот, скијањето, пливањето, ракометот, итн. зависно од тоа кое дете на што е посветено.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-23.jpg

Активностите на децата се организирани со волонтирање на родителите, па затоа и не е многу скапо да се биде дел од некој спортски клуб.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-44.JPG

Родителите се исклучително посветени на развојот на децата и се вложуваат во нивните слободни активности, па речиси целото слободно време го користат за тренинзи и натпревари од секаков карактер, и се целосно посветени на потребите на децата. Децата имаат висок статус во општеството.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-22.jpg

Продолжува на третата страница...


Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg