Лиле Ристова Стенсхорне живее во Осло: „И моите деца спиеја надвор на минусни температури, одат пеш на училиште без оглед на времето“

„Најмногу што не чинеше кога се родија нашите две деца, Вероника и Ребека, беше паркингот за колата. Точно е дека децата спијат надвор и на минусни температури и немам сретнато дете што се разболело од студ. Мојата лична граница за спиење на отворено беше до -10 степени. Населбата каде што живееме наликува на мое Тафталиџе, честопати во дворот ни доаѓаат срнички кои ги чуваат соседите“ - раскажува Лиле Ристова Стенсхорне за животот во Осло. 

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01.jpg

Заминала како студент, но љубовта ја задржала да остане веќе 15 години во Норвешка. Работи како професор по норвешки јазик.

Лиле на прекрасен начин ни го долови животот во Осло, навиките на Норвежаните, што е она што и се допаѓа, а на што не може да се навикне.

Целото интервју со Лиле во продолжение:

Колку време живеете во Осло, зашто токму Норвешка? Тешка ли беше одлуката да се замине од Македонија?

По завршувањето на моето средно образование заминав во Софија. Се запишав на Софијскиот државен универзитетот на катедрата по Скандинавистика.

Желба ми беше да ги изучувам нордиските јазици и да ја запознаам нордиската култура. Скандинавските јазици беа ретки јазици на нашите простори. Речиси и да немаше млади луѓе кои ги изучуваа. Тоа ме поттикна и ми даде надеж дека ќе можам полесно да се вработам во мојата земја, Македонија.

По студирањето во Софија, во 2008 година аплицирав и се запишав на државниот универзитетот во Осло, каде што магистрирав на „Нордиска литература“. Со квалификацијата „познавање на норвешки и шведски јазик“ не успеав да се вклучам во пазарот на трудот во Осло. Решението го најдов со запишување на Педагошки факултет во Осло.

Со моето претходно стекнато знаење и со студиите на Педагошкиот факултет во Осло се стекнав со титулата „Лектор по норвешки јазик“.

Образованието во Норвешка е бесплатно, но животот е скап, па мораше да се самофинансирам. На почетокот беше тешко. Зимите беа сурови и долги. Осаменоста беше присутна. Немав желба да останам овде, во Македонија ме чекаа големи планови, си мислев...

Но, не знаете каде ќе ве одведат водите на животот. Тука го запознав мојот брачен другар и тој беше причината да останам да живеам во Осло.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-001.jpg

Уште тогаш не ми се допаѓаше ладната норвешка клима и знаев дека не сум за студ и зима, но по раѓањето на моите две ќерки, таа дилема ја надминав.

Што работите? Колку е тешко да се најде работа?

Работам како професор по норвешки јазик во „Oslo Vo Rosenhof“ во Осло, најголемиот центар за изучување на норвешки јазик во Норвешка.

Се изведува настава по основно и средно образование за возрасни лица. Нашите ученици се на возраст од 18, па сѐ до 60 години.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-03.jpg

Претежно се странци кои доаѓаат како работни емигранти, бегалци, азиланти, на кои им е потребен положен испит по норвешки јазик. Тоа ќе им послужи за аплицирање на норвешко државјанство.

Голем дел од нашите ученици се дел од интродукциската програма за странци, наменета за интегрирање во норвешкото општество. Норвешкиот јазик го предавам и како странски јазик, но и како предмет во основно и средно училиште за странци.

Исто така, го предавам и предметот Општествени науки, но сум и дел од комисијата на државните испити по норвешки јазик.

Работиме многу со интегрирање на овие лица во општеството. Училиштето е големо, располага со 3 локации, а од неодамна имавме голем интерес од украински граѓани, кои емигрираа овде поради конфликтот меѓу Русија и Украина, па така се отвори и 4-тата локација.

Има и други вакви големи образовни центри, како во Осло, така и на други места во државата со кои ние соработуваме.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01.JPG

Инаку, да, тешко беше да се најде работа, особено ако зборуваме за работа по струка, но не е и невозможно. Вработувањето денес е насекаде процес кој исцрпува, па и овде не е поинаку. Конкуренцијата е голема, како и насекаде, но и интервјуата знаат да бидат повеќекратни. Дали ќе успееш зависи многу од квалификациите кои ги поседуваш, трудот што ќе го вложиш, упорноста, а за некои можеби и како ќе те послужи среќата.

За моето работно место беа пријавени 92 кандидати, и процесот траеше околу 4 месеци додека да ја добијам конечната потврда и понуда за работа. Затоа сметам дека не беше лесно.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-02.JPG

Колку време ви беше потребно да се навикнете на животот во Осло?

Адаптацијата на животот во Осло ми одеше бавно, но најголемата причина за тоа, лично за мене, беше климата. Тоа и до ден денес ми е проблем. Не знам дали се учат некогаш тие работи, хаха…! Благодарение на работата во која имам чести распусти, имам прилики да патувам, и да го ловам сонцето на различни дестинации.

Најблиските постојано ме прашуваат: „Не ли се умори од тие патувања?“ Сакам странски јазици, сакам да запознавам разни култури, таква ми е и работата, па со тоа надоместувам за тмурното и сиво време овде.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-05.jpg

Постои ли нешто што едноставно не можете да го прифатите од животот на Норвежаните?

Она што ми е неприфатливо кај Норвежаните е нивната супериорна култура.

Имаат став дека тие најдобро знаат како треба за многу работи, особено во политичкиот свет, додека истовремено се гушат во своето индивидуалистичкото општество кое знае да носи голема тага, осаменост и депресија.

Сепак, Норвешка целосно ме промени кон подобро. 

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg