Лиле Ристова Стенсхорне живее во Осло: „И моите деца спиеја надвор на минусни температури, одат пеш на училиште без оглед на времето“

Дали е сѐ совршено организирано?

Не. Денот знае да биде исцрпувачки. Луѓето имаат премногу обврски, многу родители се прегорени, а како што веќе знаете, нема овде баби, дедовци, тетки итн. за макар и мала издишка.

Но, среќни сме што времето го поминуваме со нашите деца, ги гледаме како растат, и немаме чувство дека пропуштаме многу. Голем дел од денот сме на работа.

Училиштето ни е на 1,7 километри оддалеченост и децата одат пешки без оглед на временските услови.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-01_4.jpg

Не е многу популарно да се вози кола, бидејќи лесно се стига насекаде со градски транспорт, паркинзите и патарините знаат да се скапи, а во центар има и зони каде не е комотно и приспособено за автомобили.

Има и многу еднонасочни улици кои возењето на автомобил го прават потешкиот избор. Велосипедите им се најпрактични, но бидејќи Осло е со многу угорници, има опција за надградување на електричен мотор.

Скандинавците имаат убава и топла спортска опрема за сурова клима, и доколку си љубител на свежиот воздух и минусни температури, не е проблем да се движиш еколошки.

Дали навистина ги оставаат децата да спијат надвор и во зима?

Да. Точно е тоа дека децата спијат надвор во зима во своите колички. И моите деца растеа така. Но, важно е да имаш удобна количка, и со гуми приспособени за снежни улици.

Кога доаѓавме со децата во Скопје, кога со количка се движев по скопските улици се чувствував како да туркам трактор, а не количка, хаха...!

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-22_1.jpg

Мојата лична граница за спиење на отворено беше до -10 степени. Но, кога одеа во градинка, немав контрола над тоа каде ќе спијат моите деца кога паѓаше температурата и под -10 степени.

Сепак, не запознав дете кое се разболело од спиење надвор на ниски температури. Додека децата спијат надвор во количките имаат волнена опрема која топли и не поти, па функционира одлично.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-26.jpg

Кога би требало да издвоите 3 најдобри работи за животот во Осло тоа би биле:

Чистиот воздух и незагадената природа, дисциплината на населението, едукацијата на децата и свесноста за иднината и светот кој го оставаме зад нас.

Кога би требало да издвоите 3 најлоши работи за животот во Осло тоа би биле:

Модерното потрошувачко општество, комуникација преку апликации како и прераната дигитализација во училиштата и немање време за постарите лица од фамилијата.

Во какви норвешки специјалитети најчесто уживате? 

Норвежаните се доста едноставни во кујната. Големи љубители се на интегрален леб. Варираат во намазите. Типично за Норвешка е кафеавиот кашкавал, како и рибните намази и пудингот од риба.

Сакаат месо, а дивото црвено месо го јадат со џем од рибизла. Тоа е посебен тип на рибизла која кај нас не расте.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-25.jpg

На пролет, околу Велигден ловат риба во замрзнатите езера. Рибата лосос е исто така најзастепена во норвешката кујна.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-28.JPG

Околу новогодишните празници јадат месо од ирвас и месо од лос. Имаат правило да се хранат здраво во работните денови, а за викендите се опуштаат со алкохол, грицки и кондиторски производи.

Мене ми е омилена овесната каша. Норвежаните ја јадат со путер, суво грозје и цимет, но јас ја јадам со какао и банана што е нетипично за нив. 

Како е од аспект на хигиена? Колку добро функционираат институциите?

Институциите добро функционираат, но знаат некогаш да бидат многу бавни. Грижливи се и внимателни, не се вандалски тип, почитуваат правила и се навистина многу дисциплинирани.

Имаат висока свест за природата и нема многу ѓубре по улиците.

Отпадокот го сортираат и рециклираат, а од органскиот отпадок произведуваат био-етанол. Био-етанолот го користат како гориво за градските автобуси при што се намалува загадувањето на воздухот, а исто така го користат и за загревање на училиштата.

Што е она што ти недостасува од Македонија? Дали би сакала да се вратиш?

Најмногу ми недостасуваат родителите, куќата и дворот каде што пораснав. Имам постара сестра која живее со својата фамилија во Северна Каролина, која исто така многу ми недостасува, и нејзината ќерка Леона, којашто си ја бројам како моето трето дете. Далечината и тоа што сме поделени во 3 различни држави не ми се допаѓа воопшто.

Од Македонија исто така ми недостасуваат сонцето и синото небо, сезонските овошја, кафе-муабетите со драги лица кои не ме заборавиле и не го смениле односот кон мене, паралелните и рамни Скопски улици, кејот на Скопје итн.

Генерално ми недостасуваат старите и убавите спомени, за кои знам дека нема да се повторат.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-39.jpg

Дури и кога би се вратила, нема да биде како што било. Нештата во Скопје, или генерално во Македонија се чинат многу променети. Но, дома си е дома, и таму си го наоѓам мирот, се потсетувам од каде доаѓам.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-25_1.jpg

Се трудам и децата да го имаат тоа чувство на припадност на Македонки. Ги крстивме во Македонија, во православна црква со надеж дека еден ден ќе знаат дека не се само Норвежанки, туку и Македонки.

Овде сум малцинство, и нормално е што доминира Норвешката „страна“. Затоа, настојувам децата да учат македонски јазик и кириличното писмо, за подоцна, кога мене ќе ме нема да можат да ја истражуваат Македонија, нашата традиција и историја во сопствена режија.

Македонија е сепак дел од нивниот идентитет.

lile-ristova-stenhorn-zivee-vo-oslo-34.jpg

Не знам дали би се вратила во Македонија, веројатно не додека сум во работен однос овде, и додека децата не се осамостојат. Можеби на постари години, ако здравјето и животот тоа ми го дозволуваат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg