Зорица Божинова, прва жена машиновозач кај нас: „Израснав со возови, татко ми ми го пренесува целото свое знаење“

„Кога влегов во локомотивата на првиот работен ден, првото чувство ми беше нервоза, како на прв дејт да сум. А потоа ми се насолзија очите од што ми беше невистинито“, вели Зорица од Гевгелија, која е првата жена која вози возови кај нас.

zorica-bozhinova-prva-zhena-mashinovozach-kaj-nas-izrasnav-so-vozovi-tatko-mi-mi-go-prenesuva-celoto-svoe-znaenje-01.jpg

Зорица Божинова (31) од Гевгелија, кон крајот на јуни 2025 и официјално стана првата жена во Македонија која се вработи како машиновозач, и веќе еден и пол месец вози возови низ земјава.

Овој, за неа голем момент - го чекала 7 години, откако ја поминала обуката и добила лиценца за машиновозач.

Љубовта кон возовите, пак, ѝ ја пренел нејзиниот татко, кој работи во железницата, а Зорица забележува и дека нејзината ќерка покажува голема љубов кон возовите.

За тоа, како е да се биде дама во професијата во која доминираат мажите, но и какво е чувството кога ќе влезе во локомотивата, таа ни раскажа во интервјуто.

За CRNOBELO.com, Зорица вели:

Неколку години откако доби диплома за машиновозач, почна и да работиш за она за што сонуваше долго време - да возиш воз. Дали се израдува вистински кога ти кажаа дека сонот ќе стане реалност?

И овој позитивен шок го доживеав во животот, на радоста и возбудата што ја имав во тој момент и сè уште ги имам - немам начин како да ги опишам.

Буквално гладна сум за секакво знаење во врска со железничкиот сообраќај.

zorica-bozhinova-prva-zhena-mashinovozach-kaj-nas-izrasnav-so-vozovi-tatko-mi-mi-go-prenesuva-celoto-svoe-znaenje-09.jpg

Какво беше чувството кога сега првпат влезе во локомотивата?

Првото чувство ми беше нервозно, како на прв дејт да сум.

А после тоа ми се насолзија очите од што ми беше невистинито.

Од каде потекнува твојата љубов кон возовите? Колкава беше кога сфати дека ова е тоа што сакаш да го работиш?

Љубовта спрема овие „големи чуда“ ми е уште од мали нозе.

Јас сум од привилегираната класа на деца и имав можност да растам покрај возот и во возот, па најверојатно од таму ми се роди таа љубов дека и јас сакам да управувам со воз.

Работа како работа, стануваме свесни после 18 години за нешто такво сериозно.

Најпрво ми беше интересно да се школувам за пилот, но потоа сепак се одлучив за „домашен повеќе познат терен“ - машиновозач.

zorica-bozhinova-prva-zhena-mashinovozach-kaj-nas-izrasnav-so-vozovi-tatko-mi-mi-go-prenesuva-celoto-svoe-znaenje-04.jpg

Каде се учи за машиновозач кај нас? Како тече целиот образовен процес?

Најпрво се завршува средно стручно школо - Машиновозач за дизел и електрични влечни возила.

Потоа има пракса во депо од 3 месеци и 3 месеци возење на пруга, па полагање во два дела за проверка на стекнатото знаење. Тоа е првиот дел.

Вториот дел е 4 месеци обука во Македонски Железници АД, каде учиш за секоја машина посебно, за целата пруга, сообраќајни знаци, сообраќајни правила и потоа се пријавуваш самоволно и полагаш 3 дела (усно, во депо и на пруга).

По ова се стекнуваш со звање помошник машиновозач.

Третиот дел е обука од шест месеци. И тогаш поминуваш 3 месеци во депо и 3 месеци на пруга, возиш и потоа полагаш сообраќај - сообраќајни знаци, сообраќајни правила, проба на кочници, влечни возила и нивни карактеристики и возење.

Дали беше единствената девојка во средно што учеше за машиновозач, или имаше и други?

Само јас бев девојка за таа струка, да.

Имаш ли практично знаење за тоа како е да се управува со воз? Дали штом влезе сега во локомотивата веднаш знаеше што треба да правиш, или мораше добро да се потсетиш?

Знам како да управувам и не ми беше некој проблем.

Но, сепак имав пауза од 7 години во оваа струка, што значи ми треба период во кој треба да се потсетам на сè и да се вратам на тоа знаење и осет што го поседував пред 7 години.

zorica-bozhinova-prva-zhena-mashinovozach-kaj-nas-izrasnav-so-vozovi-tatko-mi-mi-go-prenesuva-celoto-svoe-znaenje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава