Зорица Божинова, прва жена машиновозач кај нас: „Израснав со возови, татко ми ми го пренесува целото свое знаење“
Како изгледа да си дама во машка професија? Како си прифатена?
Оваа струка машиновозач е баш работа за да се чувствуваш како дама.
За прифаќање - од малечка се знам со голем дел на вработени во Македонски Железници, така што за прифаќање немам зборови.
Освен менторот, кој е покрај мене, и секој вработен несебично ми помага во зголемување на знаењето.
Како изгледа патувањето во локомотивата, односно во кабината на машиновозачот?
Бајка. За мене нешто повозбудливо и порелаксирачко до сега немам осетено, подобро и од психолог.

Која е најдолгата релација што си ја поминала со воз?
Поради возењето за полагање, помината ми е цела Македонија.
А како љубител на шините, постои ли некоја траса што би сакала да ја поминеш со воз барем еднаш?
Да, и се надевам дека некогаш ќе имам шанси да бидам дел од возот што патува од Венеција до Истанбул - Golden Eagle Danube Express.
Дали е вистина дека на секое патување мора да се качиш барем еднаш во воз?
Секоја инфраструктура е различна, па интересно ми е да го осетам тој начин на работа, на брзина.
А и во повеќето европски држави се преферира шинскиот сообраќај за патување, и за кратки и за долги релации.

Што научи од својот татко за возовите? Кој негов совет ти паѓа секогаш прв на памет кога, а е поврзан со професијата?
Тој е доста спремен електромеханичар за сите локомотиви.
Сега ми го пренесува постепено негово целосно знаење.
Совет што прв ми паѓа на памет е „Секогаш биди многу внимателна“.
А дали љубовта кон возовите ја пренесуваш на децата?
Да, моментално ќерка ми изразува желба за возот, за возење со воз.
Интересно ѝ е кога свирка возот, се надевам дека ќе имам шанса да ја учам и да ја делам со неа оваа страст.

Што е со железничкиот сообраќај во земјава - колку линии имаме и на кои релации сообраќаат?
Најчесто железничкиот сообраќај во државите е најкористен сообраќај.
Нашиот директорот даде една убава вест - дека за една година се направени 12 локомотиви + 2 во процес од само 4 функционални локомотиви.
Тоа значи ние сме целина што веруваме и даваме сè од нас за подобро и побрзо ставање на железничкиот сообраќај на прво место за олеснување на транспортирањето низ државата.
Исто така, во тек е планирањето за започнување на изградба на брза пруга која ќе достигнува 160km/h.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело