Успешни Македонци низ светот: Инес Станковска прави силуети од хартија - учела од дедо ѝ во Париз, сега работи со светски брендови
Кои настани ти оставиле силен впечаток и те воодушевиле? Знам дека постојат клаузули за тајност, но можеш ли да споделиш неколку имиња на кои си им правела силуети?
Сум работела во палата во Индија на раскошна свадба. И не можам да го опишам впечатокот, тоа е сосема поинаков свет.
Одат со слонови да ја земат невестата, се слави 5 дена и чини повеќе од 50 милиони долари!
Лудост, но, вреди да се види барем еднаш во животот.
Инаку имам направено силуети на Џенифер Лопез, Форест Витакер, Мајкл Даглас, Џон Траволта, Мика, но и многу познати француски селебрити како Френч Фјуз, Вудкид, Вирџини Ледојен, Естел Лефебур и многу други.

Кој е најзабавниот дел од твојата работа?
Поврзувањето со луѓето и насмевки на нивните лица.
Од друга страна, сè што е поврзано со бирокраија, тој дел ми е секогаш напорен.
Каков е животот во Париз?
Ни требаат повеќе сонце и топлина, ха, ха!

Веќе некое време живееш на југот на Франција. Зошто реши да се преселиш таму и да го напуштиш Париз?
Не го напуштив целосно Париз, многу често се враќам. Моето семејство живее во Париз, пријателите исто. И обично се враќам секој месец поради работа.
Моите најголеми клиенти се во Париз, а дури потоа во Женева, Ница, Кан, Монако, Дубаи.
Но, си заминав од Париз затоа што ми треба простор, голем стан, сонце, поглед на море и побавен живот.

Дали си љубител на модата? Колку таа има улога во твојата работа?
Ја сакам модата! Мојата ДНК е црна, па носам претежно црни фустани.
Понекогаш тоа е Vivien Westwood, maison Margela, Céline, a понекогаш се креации на млади и независни дизајнери.
Понекогаш избирам винтиџ фустани пронајдени во Њујорк или Париз.
За мене, мешањето стилови е тајната на елеганцијата.

Новина во твојата работа се таканаречените „Небесни портрети“. За што точно станува збор?
„Небесни портрети“ (Celestial Portraits) се родија од моето сопствено патување. Додека работев како силуетист, во себе длабоко барав да се разберам себеси.
Тоа ме наведе да студирам астрологија, психологија, човечки дизајн и морфопсихологија.
Учам и ја усовршувам оваа работа повеќе од 10 години. Не дојде преку ноќ.
Оваа практика ми овозможува да навлегувам длабоко во работите. Тоа не е гатање, туку структура, јасност, увид во суштината.
Нудам долги коучинг сесии на оние кои сакаат вистинска длабочина.
А кога работам на настани, создадов пократок формат на вакви сесии, кој доаѓа со жива силуета.
Двете верзии имаат за цел да одразат нешто вистинско, само низ различнa призма.

Со работата имаш посетено многу места низ светот. Кое ти оставило најсилен впечаток (и зошто)?
Многу патувам и за задоволство и за работа. Но, Индија, никогаш порано не сум видела такво нешто, беше како филм!
Тука е и еден супер настан во Гаштад со семејството на Чаплин, многу трогателно.
Е еден настан за Bvlgary во Сеул, каде реакциите на луѓето беа многу топли. Тие се толку гостопримливи, сакаат да уживате во земјата.
Но, можеби како најневеројатен настан би издвоила еден во Бангкок, каде Грејс Џонс пееше La vie en rose.
Настанот беше организиран од Старк и неговиот тим. Тие изградија дел од Париз во самата сала - Монмартр, Мулен руж... неверојатно! На тој настан бевме 40 уметници од целиот свет.

Кога денес ќе погледнеш наназад на почетоците и каде стигна, на што си најмногу горда?
Тоа што успеав да ја претворам мојата силуета во луксузна уметност…
Целосно ја менувам визијата за оваа уметност. Не е важно што правиме, туку како го правиме.

Кликнете на видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
