Даниела Панева помага на жртви на семејно насилство: „Една жена ја затворале во кочина, друга пријави по 35 години брак“
Какво психичко насилство трпат некои жени во Македонија?
Најчестите случаи на жртвите на семејно насилство се психичко насилство, насилство кое нема модринка, нема крв, често нема и сведоци и докази за нарушеното здравје, затоа дел од жртвите не го ниту препознаваат како насилство, некои од нив дури и почнуваат да го прифаќаат како навика, па дури и како очекување дека мора да биде дел од секојдневието, а дел од жртвите се соочуваат со голем страв да пријават бидејќи тешко се докажува.
фото: pexels
Има ли разлика во градовите vs. во руралните области?
Секако дека има разлика, затоа што малите општини, во руралните средини сите жители се познаваат меѓусебе и тешко е за пријавување насилство од страна на жртвата, бидејќи однапред знае дека од одредени лица ќе биде покажувана како жртва и не само таа, туку и нејзиното семејство, ќе трпи неправда посебно кога средината ќе ја земе улогата на делител на правда, кога жртвата ќе биде коментирана за причините кои довеле до насилство, дека можеби и таа си допринела со некои постапки и сама предизвикала насилство.
фото: pexels
И покрај подигната свест на јавноста, кај одредени целни групи во малите градови, секогаш ќе има некој со поинаков став кон жртвите и со лоши коментари во средината во која живее жртвата.

Порака до сите жртви на семејно насилство?
И покрај сите предрасуди кај жртвите на семејно насилство за пријавување на насилство и покрај сите неправди во општествениот систем, сепак треба да бидете храбри и силни да не трпите насилство, не треба да чекате вторпат да се случи, треба веднаш да го пријавите насилството и да побарате помош и поддршка.
Треба да знаете дека не сте сами, дека секогаш има некој кој сака да ви помогне, патот е трнлив, но заедно ќе се бориме за правда, за ненасилен живот во домот, за ефикасно постапување од страна на институциите.
Како граѓански сектор ќе вршиме притисок врз надлежните да си ја вршат својата работа согласно законските норми и ќе правиме притисок за законски промени поволни за сите жртви на семејно и родово базирано насилство насилство.
фото: pexels
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
