Александра Јанева за сеќавањата на родниот град: „Секое учество на Струмичкиот карневал ми носеше нова еуфорија“
Concept caffe
Место во кое се чувствував како дома, секојдневно со пријателите пиевме таму кафе уште од средно училиште за подоцна да преминеме на долги вечери со музика и на не знам колку настапи на број во последните 10 години.
Затворањето на кафулето беше летово, а јас и неколку мои колеги музичари бевме задолжени да го отсвириме последното танго и сите струмичани баш го доживеавме тоа емотивно.

Манастир Св. Илија
На 4km од градот, во планината Еленица има едно мирно, блажено место кое ние струмичани често си го посетуваме во текот на цела година, а најмногу во пролетните и летните денови поради рекреација и посетување на манастирот.
За да се стигне до манастирот се оди по трим патека околу која има преубава природа - дрвја и мали водопадчиња, и она што веќе сѐ поретко го имаме - чиста, природна вода од чешма.
На 2 август на ова место, секоја година се собираат голем број на луѓе и го празнуваат празникот Илинден со традиционален македонски ручек.


Големиот градски парк
Едно од најубавите места кои ги посетувам при секое мое враќање во Струмица е градскиот парк.
Зеленилото е присутно насекаде, а во подлабокиот дел од паркот се наоѓа моето омилено мало езерце со мали лебедчиња, патки, рипчиња и други езерски животни.
Токму на таа локација, до езерцето, на 9 август пред 8 години одржав солистички концерт на струмичко културно лето, а сцената и атмосферата ја надополнија и разубавија повеќе мои колеги - пејачи.
Секогаш ќе се сеќавам колку беше ненормално топло тој ден, но без оглед на тоа паркот беше преполн со луѓе и сите пееја во еден глас до самиот крај.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
