Даница Стефаноска, фит мајка и модна дама со софистициран стил: „На патувања секогаш пакувам и елегантни чевли“
Три модни правила од кои се водам:
Прво: Носи го тоа што ти дава самодоверба - трендовите се минливи, стилот е личен.
Второ: Удобноста е половина од стилот.
Трето: Квалитет пред квантитет.

Грижата за себе не ја гледам како обврска, туку како инвестиција.
Да се води грижа за себе покрај сите обврски што ги носи мајчинството и професионален ангажман знае да биде предизвик, но верувам дека сè започнува со добра организација и желба.
Секогаш се трудам на најдам време за себе, без разлика на динамичниот ден.

Редовно вежбам и тоа не го гледам само како физичка активност, туку како начин да ја одржам енергијата, внатрешниот мир и доброто расположение.
Исхраната ми е исто така многу важна, се обидувам да се хранам здраво и избалансирано. Мислам дека тајната не е во недостижното туку во континуитетот и дисциплината.

Што се однесува до интересот на ќерките за модата, постарата отсекогаш беше повеќе насочена кон уметност. Кај неа модата е продолжение на нејзиниот креативен израз.
Избира поинакви кроеви и детали што имаат уметничка нота. Не се плаши од смели комбинации и секогаш знае да ги изнесе со став.
Нејзиниот стил е интуитивен, малку неконвенционален и многу личен.
Помалата ќерка пак, внимателно ги следи трендовите и сака урбани комбинации, секогаш адаптирани на нејзината возраст.
Таа има чувство за актуелност и лесно ги комбинира парчињата на модерен начин задржувајќи ја притоа својата младешка природност.

Патувањата отсекогаш биле моја голема страст. Сакам и кратки бегства и подолги патувања. Тие се за мене начин да се ресетирам, но и да откривам нови светови, луѓе и приказни.
Имам посетено многу места, но посебно ми оставиле впечаток азиските земји и нивната култура.
Таа поинаква енергија, традиција и начин на живот ме фасцинираат.

Сакам да истражувам нови култури, да откривам различни вкусови, а секое патување го доживувам како авантура што ми носи нови искуства и спомени.
Децата патуваат од најмала возраст. Постарата ќерка веќе патува и со свое друштво, што за мене е доказ дека љубовта кон патувањето прераснала во нејзин личен избор.

Имало и интересни ситуации, од доцнење на летови, до непланирани авантури што на крај станале најубави спомени.
Токму тие моменти нè учат да бидеме флексибилни и да уживам во секој дел од патувањето, дури и кога не оди сè по план.
