Славица Јанкуловска е модна дама од Битола, на која заштитен знак ѝ се шапките и црвениот кармин (фото)
- Детали
- недела, 28 септември 2025
„За специјални настани и вечерни излегувања, јас секогаш бирам да носам мое парче. Сакам мојата појава да биде автентична, да зборува за мојот труд и мојот свет“, вели модната дизајнерка Славица Јанкуловска Цаци (41), која смета дека шапките имаат моќ да ја подигнат секоја комбинација на повисоко ниво и да додадат драма, шик нота и мистерија.

Славица Јанкуловска Цаци (41) е модна дизајнерка од Битола, сопруга и мајка на две деца, со стил што гласно зборува.
Модата е нејзин личен печат, а таа е смела, неповторлива, впечатлива.

Студирала на Интернационалниот Институт за мода „Изет Цури“ и без разлика дали е на модна писта, коктел настан или на дневна прошетка - таа секогаш остава впечаток.

Стилот и е храбар, елегантен и секогаш впечатлив, комбинација на смелост и софистицираност.
Шапките и фасцинаторите се нејзин заштитен знак.

Според неа, тие имаат моќ да ја подигнат секоја комбинација на повисоко ниво - да додадат драма, шик и мистерија.

Вели дека една добра шапка може да го дефинира целиот изглед, а на сето тоа секогаш го додава и црвениот кармин, кој е нејзин потпис и печат.

За CRNOBELO.com Славица вели:
„Како модел, со години сум ја живеела модата. Носев многу креации на македонски и странски дизајнери, дел од нив и денес ми се во гардероберот, купени веднаш по ревија – едноставно затоа што парчето ме „освоило“.

Но денес, како дизајнер, мојата приказна е поинаква.
За специјални настани и вечерни излегувања, јас секогаш бирам да носам мое парче. Сакам мојата појава да биде автентична, да зборува за мојот труд и мојот свет.

