Љубовната приказна на Александра и Дамјан Дренковски: „Имавме врска на далечина, се венчавме во дворот на нашата куќа во Њу Џерси“
Раскажи ми за почетоците…
Пред да си заминам за Америка, на нашето разделување, тој ми кажа дека има виза и дека ќе дојде да ме посети затоа што не му е убаво без мене.
Јас, нормално не му верував, ха, ха. Но, по само 6 недели, Дамјан дојде.
Тоа беше огромен гест… но не беше пресуден.
Ме освои неговата лудост, смислата за хумор, комуникацијата, размислувањата, леснотијата и тоа колку се поклопуваме како луѓе.

Дали љубовта се роди од пријателство?
Интересно е што ние немавме класично „пријателство“ пред врската.
Од почеток имаше нешто повеќе.
А денес сме и љубов и најдобри пријатели.

Кои беа најголемите предизвици во вашата врска?
Врската на далечина дефинитивно беше најголемиот предизвик.
Најтешки беа разделбите, а најбрзо поминуваше времето кога бевме заедно. Година и пол, буквално, живеевме на телефон.
Врската на далечина не е лесна, но има и една убава страна - кога сте заедно, практично живеете заедно.
Од самиот почеток се навикнувате на заеднички живот, на секојдневие, на мани, но и учите како да функционирате како тим.
И мислам дека токму тоа многу ни помогна да се изградиме како пар многу побрзо.
Голем предизвик беше и преселувањето на Дамјан во Америка - нова средина за него, нови навики и нов живот за двајцата.
Но мислам дека токму низ тие промени уште повеќе се зацврстуваме како пар.

Дали тогаш знаеше дека е вистинскиот?
Знаев дека ми се случува нешто поинакво од сè претходно.
А со текот на времето сфатив дека е вистинскиот.

Како изгледаа првите средби со семејствата?
Многу природно и спонтано.
Без трема, без притисок - како да сме се знаеле одамна.
