Љубовната приказна на Александра и Дамјан Дренковски: „Имавме врска на далечина, се венчавме во дворот на нашата куќа во Њу Џерси“

Како те запроси Дамјан?

Ме запроси на неговиот роденден, сосема неочекувано.

Неколку пати претходно се сомневав… ама баш тој ден воопшто не ми текна. Дури ни ноктите не ми беа средени!

Беше точно 5 дена пред да патувам за Америка, понеделник беше, на никој не би му паднало на памет дека ќе биде запросен во 12 на пладне во парк, требаше да одиме на кафе…

А нашата пријателка Лила „совршено ме намести“ да не насетам ништо.

Се разбира, Спасе беше таму да го овековечи моментот со видео.

ljubovnata-prikazna-na-aleksandra-i-damjan-drenkovski-imavme-vrska-na-dalechina-se-venchavme-vo-dvorot-na-nashata-kukja-vo-nju-djersi-03.jpeg

Кога се венчавте?

Се регистриравме во Америка на 21 септември, а свадба планираме во Македонија.

Регистрацијата беше вистински предизвик - но благодарение на моите родители и нашите пријатели, сè изгледаше токму како што си замислував.

Ја направивме во дворот на нашата куќа. И да, фустанот ми стигна вечерта пред регистрацијата - затоа што очигледно, кај нас ништо не оди по план, ама секогаш испаѓа подобро.

ljubovnata-prikazna-na-aleksandra-i-damjan-drenkovski-imavme-vrska-na-dalechina-se-venchavme-vo-dvorot-na-nashata-kukja-vo-nju-djersi-04.jpg

Кој е поромантичен, ти или Дамјан?

Јас. Јас сум таа што сонува за филмски моменти и очекува да ѝ станат реалност.

На пример, при неговото второ доаѓање во Америка, тајно барав и успеав да обезбедам карти за снимање на The Tonight Show Starring Jimmy Fallon.

Тоа му беше животен сон. Седевме во прв ред… и мислам дека никогаш не сум го видела толку среќен.

ljubovnata-prikazna-na-aleksandra-i-damjan-drenkovski-imavme-vrska-na-dalechina-se-venchavme-vo-dvorot-na-nashata-kukja-vo-nju-djersi-10.jpeg

А кој од двајцата е потемпераментен?

Јас сум поекспресивна - побрзо избувнувам, ама и побрзо попуштам.

Не сме исти, ама се надополнуваме.

ljubovnata-prikazna-na-aleksandra-i-damjan-drenkovski-imavme-vrska-na-dalechina-se-venchavme-vo-dvorot-na-nashata-kukja-vo-nju-djersi-07.jpeg

Што е важно за успешен брак?

Да бидете тим, дури и кога не се согласувате. Комуникација, разбирање и почит.

И најважно - секој ден повторно да се избирате еден со друг.

Ако нешто научив од оваа приказна, тоа е дека најголемите работи во животот не се планираат - тие се случуваат кога најмалку ги очекуваш.

И понекогаш доволно е само да седнеш на „погрешна“ маса.

ljubovnata-prikazna-na-aleksandra-i-damjan-drenkovski-imavme-vrska-na-dalechina-se-venchavme-vo-dvorot-na-nashata-kukja-vo-nju-djersi-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро н... „Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев шт...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...

Најчитани неделава