Ана Марија Таневска (28) од Скопје: „Луѓето ме доживуваат како атрактивна девојка што вози бесни мотори“
- Детали
- вторник, 21 април 2026
„Моето хоби, на прво место, се мотоциклите. Самодовербата е клучна во животот. Посетувам салони за убавина и нега на коса, но немам направено никакви естетски корекции“, вели Ана Марија Таневска (28) од Скопје за CRNOBELO.com.

Ана Марија Таневска (28) од Скопје има приватен бизнис поврзан со мотоцикли, а и самата таа е моторџика.

Таа уште од најмлади години учествувала на избори за убавина, а денес е прекрасна русокоса која привлекува погледи каде и да се појави.


За својот изглед и навики, Ана Марија споделува за CRNOBELO.com:
„Мојата амбициозност и темелност ме изградија како успешна бизнис девојка. Истрајноста во моите одлуки ме доведува до успешни резултати.

Изгледот и самодовербата имаат огромна улога и врз основа на тие, луѓето креираат мислење и ставови спрема другите луѓе.

Луѓето ме доживуваат како атрактивна девојка што вози бесни мотори.


