Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во Холивуд

Такво препознавање на мојот идентитет ми се случи и минатата година со холивудскиот крал на оркестрацијата Конрад Поуп.

Кога го спомнувам Конрад, уште повеќе да го прецизирам одговорот на ова прашање - мојата комплетна посветеност на филмската музика се случува интензивно веќе неколку години, затоа што филмот за мене е најкохерентната уметничка форма која поврзува неколку уметности.

Филмскиот израз е спектакл. Дали е краток, долг, анимиран, документарен, серија...

И ми се допаѓа алката на активности, конекцијата со уметници, режисери, продуценти.

Прекрасен свет кој ме исполнува на секаков начин духовно како битие, социјално како комуниколог, уметнички како композитор и продуцент. 

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-13.jpg

Колку години имаше кога почна да студираш во Виена? Како стигна таму и дали тоа беше твојот прв избор? Што научи, а мислиш дека никогаш немаше да го добиеш како знаење кај нас?

Заминав на студии прво на Универзитетот во Грац во Австрија каде добив стипендија, а потоа и во Виена.

Искрено, не заминав затоа што дома нешто ми недостасуваше, туку едноставно го гледав и сè уште го гледам светот како еден град и таа моја перспектива ми отвори многу врати.

Иако, рака на срце, препознавав многу системски аномалии во образованието кај нас, јас бев, што се вели, бунтовен ученик, и успешно се справував со лоши стуктури и средина на луѓе која ја креираат, не дозволувајќи да ме демотивираат или дефокусираат од мојата желба и цел.

Но, ете, бев желна за нови авантури, нови знаења, сакав да почувстувам поинакви средини...

Па така, мојот образовен пат не застана во Австрија туку продолжив на магистерски студии во Грција, а потоа го надградував знаењето на програми на Беркли Колеџот во Валенсија и слично...

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-24.jpg

Кога ја следиш својата страст и не смее да застане надградбата, технолошката еволуција е побрза од светлината и човек мора да биде во чекор со времето.

Можам да кажам дека бидејќи го учев тоа што го сакам - прво музиката, а потоа комуникациските науки - секогаш бев задоволна од својот академски пат бидејќи беше во правец на мојот интерес.

Но од друга страна, не можеш да посегнеш по живот на различни географски локации ако не си, што би се рекло жаргонски street smart („имаш улично школо“ н.з) и тој животен стил воедно те обликува и во твојата социјална и емотивна интелигенција и те оспособува за живот.

Така што, тоа што го научив во поглед на образованието е дека пливам најдобро во развиени средини таму каде што  никој нема било каква неоснована предрасуда за мене што е често случај во помали и неразвиени средини, каде од овој аспект најтешко се простува успех особено кога е во комбинација со други квалитети како изглед, потекло, интелект, талент, економски статус.

Потоа, исто научив дека секогаш најмногу се поврзувам силно со најстрогите кадри, дека тие што се најголеми се всушност најприземни и најдостапни, но пред сè ја ценам онаа животна школа која не се добива во клупа и во библиотека или со било кој професор, туку се добива преку искуства и интензивна работа на себе која е најважна и ги диктира сите наши животни избори.

Мораме секогаш да бидеме отворени за нови знаења, раст и експанзија во сите животни сегменти.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-23_copy.jpg

Кои се најголемите животни, но и професионални успеси што би ги издвоила од ова време? 

Штотуку се вратив од Лос Анџелес каде што работев на неколку проекти и на моја авторска музика во Холивуд, токму со Hollywood Symphony Orchestra.

Воедно, неодамна ја завршив пост-продукцијата за моето оригинално филмско музичко дело, The Sunrise, под менторство на гореспоменатиот најголем холивудски оркестратор Конрад Поуп.

Музиката за Тhe Sunrise ја снимав во Vienna Synchron Stage студио, кое во моментов е број 1 студио во светот и кое во последните години буквално го донесе цел Холивуд во Европа, а ја снимив токму со Vienna Synchron Orchestra.

Имавме инстантен клик со тимот на Synchron Stage, па сега продукциски со нив работам на ново дело, кое има тотален балкански шмек и на тој начин имам за цел да ја оживеам традицијата од овие простори и нашите најпознати ритмови во мојот синематски звук.

На овој начин ги заокружувам подготовките за мојот прв студиски албум, во кој ќе се најдат и дела каде се појавувам како вокален изведувач, некако по стапките на мојот идол Лиза Џерард која смисли свој сопствен јазик за музиката на Гладијатор.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-25.jpg

Патот те одведе и во Италија... Како се случи тој трансфер? Колку долго си во Италија, каде живееш и што конкретно работиш таму?

Италија е земјата на која отсекогаш ѝ се восхитувам од секој аспект: уметност, мода, кујна, туризам, индустриска функционалност, естетика, инклузија, но пред сè во поглед на животниот стил и пристап на животот кој го имаат Италијанците, кој е идентичен со мојот и затоа секогаш најубаво се чувствувам таму.

Со секое мое одење во Италија доживував неверојатни моменти и успеси кои се нижеа.

Во 2019-та година бев член на жири на музичката вечер на филмски фестивал со еден од најдобрите диригенти на San Remo, Дариана Куманова и директорот на Radio Italia, Тони Вандони.

Веднаш се „препознавме“, а веќе во следните неколку месеци бев копродуцент на нивниот фестивал во Милано, Art Music.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-04.jpg

Во меѓувреме почнав да работам како континентален менаџер за Европа во Интернационалната федерација за изведувачки уметности FIPASS, каде што продуцираме различни арт-формати.

А еден од главните е телевизиското шоу на RAI - Performer Cup кој има и свој театарски формат.

Веќе две години се појавувам и како музички продуцент и автор во рамки на Casa Sanremo и NYCanta - фестивалот на Италијанската песна во Њујорк.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-06.jpg

А како се најде на листата музичари кои почнаа соработка со холивудскиот композитор Конрад Поуп? На какво дело работевте заедно?

Изминатото лето, бев препознаена од страна на Hollywood Music Workshop и бев селектирана како еден од осумте композитори во светот кои добиваат шанса да ја работат својата музика под супервизија токму на Конрад Поуп како прва генерација на која тој остава свое наследство.

Но интересно беше што не се пријавив јас, туку тие ме побараа мене да бидам дел од нивната програма и да снимам своја музика во моментално број еден студио во светот Vienna Synchron Stagе. Така и се случи The Sunrise.

Беше многу интересно што имав еден ден да одлучам, на начин „Лина ти си нашиот избор, само кажи ни имаш ли спремно оригинална музика за оркестар со 60 члена“.

Во моментот немав, но велам ќе напишам секако, иако имав неполни три недели време за тоа.

Мене не ме плашат такви рокови кога се работи за креација и тоа е многу важно за успех во која било уметничка бранша.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-lina-gjorcheva-komponira-filmska-muzika-i-raboti-so-najgolemite-iminja-vo-holivud-10.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg