Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ми беше чичко“

Имам слушнато многупати како луѓе чекаат да патуваат или да живеат после 65-та година, кога ќе земат пензија и потоа ќе се разболат или дури ќе умрат набрзо после тоа.

Мислам дека Македонците тој дел со животот го имаат сфатено малку подобро од Холанѓаните.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-10.JPG

А, што е со луѓето? Колку се различни Холанѓаните и Македонците, нивните верувања и начин на живот?

Ова е многу тешко прашање за одговор, но ќе се обидам со примери. Пред неколку недели моите пријатели ме поканија кај нивни пријатели некаде во планина. Не ги познавав, но отидов со нив.

На пола пат прашав: „Чекајте малку, дали вие воопшто им кажавте дека и мене ме носите?“ и нивниот одговор беше: „Ќе знаат кога ќе стигнеме таму“.

Се чувствував малку непријатно кога пристигнав, но тие беа многу гостопримливи и си поминав фантастично. Почнавме да пееме и се чувствував толку живо (хаха).

Во Холандија мора да ги прашаш родителите дали другар ти може да остане на вечера, затоа што во 6 е време за вечера и понекогаш те праќаат дома кога е време нивното семејство да вечера.

Секогаш бев шокирана кога ќе се случеше тоа и ми делуваше толку негостопримливо.

Не велам дека секој Холанѓанец е ваков, но тоа е познат факт за Холанѓаните.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-08.JPG

Како те прифаќаат Македонците? Дали се пријателски настроени или можеби си се соочила со осудување?

Мислам дека е како во секоја земја и зависи и од тоа каков човек си ти. Луѓето што ги имам запознаено ме прифаќаат и знаат дека не сум пораснала таму и дека сè уште не знам како функционираат работите.

Тоа е одлично затоа што понекогаш имам поинаков „мајндсет“.

Многу сум дружељубива, но исто така ќе бидам многу искрена – не можам да им се допаѓам на сите, а и јас знам да бидам многу пребирлива со пријателствата.

Верувам дека луѓето што ги имаш околу себе треба да бидат позитивни и да те поддржуваат. Не можам да имам луѓе околу мене што ми велат „не можеш тоа“ или „тоа е невозможно“ затоа што верувам дека можам да направам сè што сакам во животот. Без негативни луѓе.

И во Македонија не е ништо поразлично за мене, сакам дружење, но енергијата мора да биде вистинска.

Секако, тука го имам и семејството.

Не знам дали луѓето ме осудуваат. Тоа не е нешто на што ја трошам мојата енергија и ако осудуваат, а луѓето секогаш осудуваат, тогаш тоа е во ред.

Не морам да живеам според ничии очекувања. И мислам дека никој не треба да го прави тоа.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-6.JPG

Дали е полесно да се стекнат пријатели тука или во Холандија?

Секако дека ми е потешко тука отколку во Холандија. Прво поради јазикот. Многу сум посмешна на холандски (хаха). Се обидувам да правам шеги на македонски, но засега не ми оди (хаха).

Смешно е што кога растеш помеѓу различни култури, ти си друга личност на секој јазик. Мојот српски карактер има повеќе темперамент, мојот холандски карактер е повеќе како „не ми е гајле, јас сум тоа што сум“, а македонскиот сè уште се развива, претпоставувам.

Најважно е што знам која сум и тогаш ќе ги привлечам најневеројатните Македонци за дружење! За краткото време што сум тука, веќе стекнав пријатели, така што добро ми оди.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-02.JPG

Дали ти се допаѓа храната? Кое ти е омилено јадење или пијалак?

Ох, секако дека ми се допаѓа храната, на кој не му се допаѓа храната? Научив и сама да готвам некои јадења, но ја обожавам сармата на мајка ми, а прави и неверојатен сатараш.

И, ги обожавам македонските вина! Навистина многу уживам во нив.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-05.JPG

Каде живееш во Македонија? Кој ти е омилен дел од градот?

Живеам во Струмица. Тука е родена мајка ми и тука сè уште живее голем дел од семејството. Ми се допаѓа тоа што е мал град, но има некои одлични места.

Блиску е до Дојран, има водопади во планините кај Струмица. Значи ја има таа енергија на мал град, со толку прекрасна природа веднаш околу тебе.

Дали си била и на други места? Што најмногу ти се допадна?

Имам славено Нова година во Скопје. Секако, сум била и во Дојран. Бев и на Матка и тоа беше прекрасно.

Но, има уште толку многу места што сакам да ги видам, како Охрид.

demi-od-holandija-se-preseli-vo-makedonija-07.JPG

Што најмногу ти недостасува од твојата земја? И, што е една работа што воопшто не ти недостасува?

Се шегував на мојот Инстаграм, каде што споделувам видеа за разликите, дека ми недостасува еден специфичен вид чипс што го има таму.

Но, секако, најмногу ми недостасуваат син ми и моите пријатели. Но, тие ме посетуваат и тука, а син ми сега има девојка (има скоро 19 години), па е премногу зафатен за мајка му (хаха).

Тоа што не ми недостасува е брзиот живот таму, дождот и здодевните глетки без планини.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg