Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро небо, туку тивко“

„Си буричкав под хаубата на автомобилот, со голема самодоверба, иако не знаев што правам. По некое време, ја кренав главата и го здогледав Горан во автомобилот. Со насмевка ме праша: ‘Извини, да не ти треба помош?’“, открива Симона Калица (29) од Битола, која дел од јавноста ja препознава како свадбен фотограф, за љубовната приказна со Горан Спировски (37).

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-01.jpg

Симона Калица (29) од Битола, дел од јавноста ja препознава како свадбен фотограф.  Taa работи како destination wedding photographer и вели дека не може да замисли поубава професија.

Симона вели:

„Да имаш привилегија да ја документираш љубовта на стотици луѓе годишно, да бидеш сведок на нивните најискрени емоции и да создаваш спомени кои ќе останат засекогаш – навистина е бесценето.

По потекло сум од Битола, а и денес таму е мојот дом. Сепак, работата често ме носи на различни локации, па знам да „пребегнам“ каде и да ме одведе некоја нова љубовна приказна.

Токму во тоа е убавината на оваа професија – покрај прекрасните свадби, имам можност да запознавам неверојатни луѓе, да откривам нови места и да ја доживувам магијата на секоја дестинација на еден посебен начин.

И можеби токму затоа, секоја свадба за мене е многу повеќе од работа – таа е приказна, емоција и нов спомен што засекогаш останува запишан низ објективот“.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-07.jpeg

Нејзиниот партнер и посилна половина, Горан Спировски (37), е ко-сопственик на туристичката агенција „Турист“ во Битола.

Двајцата веруваат дека кога нешто се работи со љубов, посветеност и искрена желба, тогаш ниту еден ден не се чувствува како работа.

Патувањата се една од многуте работи што ги поврзуваат и во кои и двајцата неизмерно уживаат.

Работата ги носи на различни места, а љубовта кон откривањето нови дестинации им овозможува секое патување да го претворат во нова авантура. Што би се рекло – work and pleasure (работа и задоволство).

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-14.jpeg

Инаку, нивното мало семејство има и трет, многу важен член – слаткото кученце Купер.

Симона вели дека тој е задолжен за безусловната љубов, доброто расположение и за тоа секој ден да им биде исполнет со уште повеќе смеа и радост.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-05_copy.jpeg

Симона ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

„Нашата љубовна приказна започна сосема неочекувано, на начин што и ден-денес знае да нè насмее.

Беше лето, месец јули, а сезоната на свадби беше во полн ек. Како и обично, се подготвував за уште едно патување, брзајќи да стигнам навреме.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-10.jpeg

Во целата таа гужва, жешкото време и малку стрес, ја отворив хаубата од автомобилот да проверам дали сè е во ред. Искрено, немав поим што точно правам, но со голема самодоверба си „буричкав“ и не обрнував внимание на метежот што се создаваше зад мене. 

По некое време, ја кренав главата и го здогледав Горан во автомобилот. Со насмевка ме праша: „Извини, да не ти треба помош?“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава