Љубовната приказна на Симона Калица и Горан од Битола: „Некои љубови не доаѓаат како гром од ведро небо, туку тивко“

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-03.jpeg

И токму во тоа е магијата на љубовта – не во моментот кога ќе препознаеш некого, туку во времето што ќе ти покаже дека покрај таа личност се чувствуваш како дома.

По доста кратко време ние почнавме да градиме и заеднички живот, така што тоа беше тоа.

Нашите први средби имаа вкус на авантура. И двајцата сакаме да патуваме, па наместо класични состаноци, често знаевме да „киднеме“ некаде, макар и на кратко.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-13.jpeg

Не беше важно дали дестинацијата е далечна или сосема блиску, низ тие мали бегства создававме спомени, а најубавите приказни започнуваат токму тогаш кога едноставно ќе одлучиш да тргнеш.

На тема: „Кој е поромантичен - јас или тој?“,  сметам дека романтиката не се мери со тоа кој е поромантичен, туку со тоа колку љубов има во малите, секојдневни моменти.

Најубавите романтични гестови се токму оние што доаѓаат спонтано и се направени со многу внимание. Не се секогаш големи изненадувања, туку мали нешта што покажуваат дека навистина се познавате и се грижите еден за друг.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-02.jpeg

Токму тие искрени и ненаметливи моменти се оние што остануваат најдолго во срцето.

Дали сме заедно месеци или години... можеби и не е толку важно. Кога покрај себе ја имаш вистинската личност, времето добива поинакво значење.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-04.jpeg

Понекогаш некој може да влезе во твојот живот и за кратко време да ти стане толку близок, како да сте поминале цел живот заедно.

Не се бројат деновите, туку спомените, чувството на мир и сигурност и сите оние мали моменти што тивко ја создаваат нашата голема љубовна приказна“.

ljubovnata-prikazna-na-simona-kalica-i-goran-od-bitola-nekoi-ljubovi-ne-doagjaat-kako-grom-od-vedro-nebo-tuku-tivko-11.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава