Љубовната приказна на Марија и Били Барберо: „Само што ја запознав, ми отиде на одмор од 40 дена - ја дочекав со тетоважа за неа“
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Били е Турчин, роден во Скопје, но сепак има доста стереотипи кај нас, иако живееме во 21 век... А, пак, мене, со брат ми, дома нè воспитувале: децата ако ни се сакани, чувани и почитувани, ние ќе бидеме најсреќни родители. Ако сака партнерот и Марсовец нека биде“, вели Марија Најдоска за љубовта со Билент Кампелезов.

Марија Најдоска, на Инстаграм позната како М.Најјј до скај, е повеќе од 10 години етаблиран мејкап артист, стилист и сопственик на студио The Beauty Agency by Najdosky.
Билент Кампелезов на јавноста познат како Били Барберо е бербер кои двои од толпата со веќе препознатливиот „брк“ и многуте тетоважи.

Двајцата ги видовме заедно како пар во спотот на Слаткар и Пајак – „Дали ќе ме сакаш”, а велат дека целото искуство со песната, текстот, поканата токму тие да се главните улоги, не е случајност, и ја чувствуваат песната како автобиографска, песна за љубовната приказна и животните предизвици во денешницата.
Тие ја споделуваат нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Марија: Денес, одењето во теретана кај многумина од нас е секојдневна активност, па така и кај нас.
ЕДИНСТВЕНА допирна точка од место на живеење, школо, факултет, животен стил, места на излегување, ни била теретаната, па од таму се знаевме од гледање.

Но, и таму има два вида на посетители, ултра пријателски (па и флертувачки), што повеќе одат во теретана за забава, и другите - што се секогаш под напон, полн гас, не губат време во лаф муабет и имаат лут поглед кој кажува не е слободна справава.
Били: Е па, ние и двајцата сме од вторава категорија.
И покрај тоа што сме се гледале низ теретана, сепак првото „Здраво” ми го кажа лани во јуни на Skopje Street Food Festival, тоа беше првото гледање надвор од теретана.

Марија: Двајцата (случајно, ако верувате во случајности) имавме ист аутфит, иста маица од Steven Dockman - Били црна, јас бела. Од првиот поздрав до ден денес, еве нè во врска.
Били: И само што ја запознав, ми кажа дека за помалку од 10 дена оди на 40 дена одмор.

Марија: Ха-ха, да. 30 дена Италија (летна школа за италијански јазик) и 10 дена Малта.
Беше вистински предизвик. И тест. Секојдневно комуницирање (и запознавање) преку камера.
