Љубовната приказна на Марија и Били Барберо: „Само што ја запознав, ми отиде на одмор од 40 дена - ја дочекав со тетоважа за неа“
Сè што реков дека никогаш нема да го правам, ми дојде на глава.
Претпоставувам, навистина никогаш не вели никогаш. А на пречекот на аеродром во Скопје…

Били: Изненадување (ха-ха).
Марија: Нова (втора) тетоважа на неговото тело за мене - претпоследниот прст од десната рака на Били, во форма на прстен, го има моето прво „Здраво”.
Првата тетоважа за мене му е во внатрешноста на школката од десното уво - има детелинка со 4 листа.

Били: Си ветивме дека во иднина нема да се измачуваме и никогаш нема толку долго време да поминеме раздвоени. До ден денес се држиме до ветувањето.
За помалку од месец дена како се врати, се вселивме да живееме заедно и штом до сега не сме се заклале - супер е!
Инаку, интересно е што Марија нема ниту една тетоважа, а јас си го имам 40% од телото тетовирано.

Били: Следен предизвик, иако повеќе за општеството, отколку за нас и нашите фамилии, беше да се прифати фактот дека не сме иста вера.
Со брат ѝ се познаваме уште од средно и јас му кажав дека сме во врска пред она да му каже. Од почит сакав прв да знае дека имам сериозни и искрени намери.

Марија: Јас во Италија и бев во шок. Тоа беше многу храбро, и преслатко.
Били е Турчин, роден во Скопје, но сепак има доста стереотипи кај нас, иако живееме во 21 век... А, пак, мене со брат ми дома нè воспитувале: децата ако ни се сакани, чувани и почитувани, ние ќе бидеме најсреќни родители. Ако сака и Марсовец нека биде.

Били: Истото било и кај нас. Мојата сестра е мажена за Хрват.
Марија: И она прва ни рече дека не познава пар што повеќе си одговара од нас, најмногу поради очите.
