Љубовната приказна на Марија и Били Барберо: „Само што ја запознав, ми отиде на одмор од 40 дена - ја дочекав со тетоважа за неа“
Били: И генерално за стилот. Многу сличен урбан стил на облекување имаме и супер се надополнуваме. Секогаш за време на шопинг се разбираме со поглед.
Можеби и сличноста на работата е тоа што нè поврзува дополнително – двајцата сме слободни уметници.

Марија: Покрај сите разлики и сличности, она што нас нè поврзува, а и е клучот за секоја успешна врска, според мене е комуникацијата.

Сѐ што мислиме и имаме на ум, и двајцата сакаме да го искомуницираме. Работиме сè уште и учиме како да искомуницираме и да зборуваме отворено за сѐ што чувствуваме.
Тоа е вистински предизвик, но засега одлично ни оди.

Били: И почит! Ако нема почит - нема ништо. Старите викаат подобро да те почитува, отколку да те сака.
Јас викам највисока форма на љубов е почит.

Марија: И Зодијакот ни се вклопува. Тој е девица, јас сум јарец, викаат power couple (моќен пар).
Па, искрено така и се чувствуваме!“





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело