Оља Тошева oд Богданци: „Татко ми беше исчезнато лице повеќе од една година - чекав да ми заѕвони телефонот дека е жив“

Како се справи мајка ти? Какви тешкотии имавте?

Ниту мајка ми, ниту сите ние не се справивме лесно, дури мислам и ден денес не сме закрепнати.

Не наидувавме на разбирање, немавме во тој момент укажана никаква социолошка, а и психолошка поддршка, за која сметам дека во тој момент и месеците подоцна ни била и повеќе од потребна.

Многу важно во такви моменти кај семејствата кои се соочуваат со таков животен проблем, во случајов исчезнато лице, е да наидат на поддршка и некој вид едукација од институции кои се занимаваат исклучиво со оваа проблематика.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-08_copy.jpg

Како ја помина таа година без никаква информација за него?

Една цела година празни очекувања, барање на празно, никакви конкретни одговори, солзи, тага, неверување.

Пеколна година и таа и другата по неа и сите овие 8 години искрено.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-16.jpg

Дали до последен момент се надеваше дека ќе го пронајдете жив? 

Секој ден очекував да ми заѕвони телефонот и да ни кажат дека го пронашле жив.

Како одминуваше времето на моменти додека паѓав, слободно можам да кажам, во депресивни мисли - почнував да се сомневам дека се случило нешто и дека можеби не сме барале доволно.

Некогаш се обвинувавме помеѓу себе во тие мигови на немоќ.

Толку бил блиску, а не го видовме, не го пронајдовме.

Сега додека го пишувам ова, навистина не знам како и сме издржале воопшто на нозе.

Нешто кое сме го гледале само пред малите екрани, ти се случува пред очи, а толку си немоќна да си помогнеш.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-10_copy.jpeg

Дали дознавте каде бил тргнат, пред да исчезне? Како ја прими веста дека се пронајдени делови од неговото тело? Што ти помина низ глава во тој момент? Која била причината за смртта?

Во близина на нашата семејна куќа, постои шумичка каде во нејзина близина се поставени ветерници.

Јавено ни е дека во таа близина која е на само половина час од кај нас дома е пронајден череп и една коска, со остатоци од гардероба слична со описот на мајка ми кога го пријави татко ми како исчезнат.

Пронајден е од случаен минувач во некоја блага провалија.

Мислев дека ми се сруши светот, не сакав да го прифатам тоа, се мразев и себе и сите останати како само таму не пребаравме, можеби ќе го спасевме.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-05.jpeg

Како и прашањето кај се упатил, така и причина за неговата смрт, после една година талкања, празни ветувања и шупливи изговори, не би знаела да ти кажам.

Ноември е студено доба од годината, можно е да смрзнал од ладно, да го нападнало некое животно, да викал за помош, а немало кој да го чуе и види.

Сè е можно, тие прашања ќе останат вечно да ми лебдат во мислите и душата.

Всушност беа две години, една во исчекување и уште една додека да се упокои како му доликува.

Со оглед дека немаше тело, за да се докаже нашето крвно сродство, остатоците, колку толку кои ги имаше, беа испратени на вештачење во Судска медицина тука во Скопје.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-04.jpeg

Од тамошните органи ни беше кажано дека ќе нè известат, дека тоа е нивна работа и ние да чекаме нивни инструкции.

После утврдувањето дека сме негово семејство и дека тоа се сепак остатоци од пријавеното лице (татко ми), чекавме тие свети две коски кои останале од него да ги префрлат во Богданци, каде достојно ќе го испратиме во неговиот вечен дом, како и сите останати упокоени лица.

Предметот некако како да се изгуби во виорот, нас никој сè уште нè немаше известено што и како понатаму. Ниту имавме каква било конкретна информација.

Сосема случајно дознаваме дека после неколку месечна процедура од Судска медицина останките се префрлени и закопани во јавна гробница на гробиштата во Бутел.

Закопан како непознато, бездомно лице, за кое всушност како никој никогаш да не трагал.

Благодарение до управните лица во тоа време, додуша и не знам кој бил директор, останките лично си ги подигнавме, со наша лична финансиска поткрепа и на 21.08.2020 конечно ги положивме таму каде и прилегаат да бидат.

olja-tosheva-od-bogdanci-tatko-mi-beshe-ischeznato-lice-povekje-od-edna-godina-chekav-da-mi-zadzvoni-telefonot-deka-e-zhiv-12.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...

Најчитани неделава