Стефана направи македонска традиционална свадба со Нигериецот Лаурел: „По грешка дојде со влечки, ги знаеше сите наши ора“
На свадбата ги испочитувавме традициите од двете земји, затоа што токму тоа ја прави нашата приказна толку посебна.

А желба ни е еден ден да направиме и трета свадбена прослава во Нигерија, за да славиме и со неговото семејство и пријателите.

Имате дете… Колку неговото раѓање ви ја зацврсти љубовта?
Раѓањето на нашиот син Киан не нè промени како пар, туку уште повеќе нè зближи.
Нè направи позрели, поодговорни и уште посилно поврзани. Најважно ми е што функционираме како вистински тим.
Обврските околу детето ги делиме, се поддржуваме и секогаш разговараме кога треба да донесеме некоја одлука.
Верувам дека токму тоа е клучот. Кога двајцата се борат за истата цел, сè е многу полесно.
Кој е поромантичен? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него?
И двајцата сме романтични, но секој на свој начин. Јас сум личност која сака да приредува изненадувања и постојано смислувам нешто ново.
Еден од најемотивните моменти беше кога, по две години, успеав да најдам автентична нигериска храна и да му ја подготвам како изненадување.
Немаше зборови да опише колку беше среќен. На лицето му се гледаше дека не може да поверува дека успеав да најдам сè што толку многу му недостасуваше од дома.
Тој момент никогаш нема да го заборавам.

Што е според тебе тајната на успешниот брак?
Мислам дека тајната на секој успешен брак е во комуникацијата, разбирањето и меѓусебната почит.
Љубовта со текот на годините созрева и добива поинаква форма, но тоа не значи дека е помала. Бракот никогаш не е 50-50.