Костадин Захов, наш голман со страст за кафе: „Сум возел и стотина километри за добро кафе - најлошото го пиев во Италија“
Кога беше сѐ затворено поради памдемијата сакав да пијам квалитетно филтер кафе, но да не го правам дома, затоа што бевме затворени цело време.
Кафетериите беа затворени, па на бензинските пумпи барав готово кафе, флаширано, но не најдов.

Така ми дојде идејата да произведам cold brew од квалитетно зрно кафе кое ќе биде достапно за секого во секое време.
Процесот, нормално, е многу покомплициран од идејата, па имав помош од татко ми кој е хемичар, но и од Институтот за храна каде што се оставаат примероци на детални анализи.

Ми требаше околу година и пол да дојдам до вкус што за мене е во ред, но секогаш може подобро и од себе очекувам уште покомплетен производ.
Понекогаш сакам второто кафе или максимум третото да ми биде со млеко и да го испијам на сонце и во друштво.

Најдобрите кафиња сум ги пиел во Тел Авив во Nahat coffee, во Рига во Rocket Bean coffee и во Барселона во Nomad coffee.
Има кафетерии каде, исто така, сум пиел одлично кафе, a се наоѓаат во Атина, Дубаи, Јереван и во повеќе градови низ Скандинавија.

Најлошото кафе го испив во државата која има и најдобра култура на пиење кафе, а тоа е во Италија, Палермо.
Тие сакаат кафе што е темно печено, а тоа знае да ги убие природните ароми па затоа и не ми се допаѓа“.

Кликнете на видеото да погледнете како го подготвува домашното кафе:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело