Бродски љубовни приказни: Србинката Јована и Турчинот Онур, Египќанец и Бразилка, белгиско-израелска љубовна бајка

Работењето на брод е една огромна авантура исполнета со многу неочекувани предизвици, емоции, нови пријателства и секако љубовни афери и „врски без обврски“. 

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-01.jpg

Но, Купидон секогаш нé застрелува кога најмалку очекуваме, па во таа трка во времето, обврските и парите, во тој микс на нации и култури, напорна работа и забава, се раѓаат љубовни бајки кои спојуваат различни култури, континенти и вери, романтични приказни кои вредат да се раскажат, како доказ дека вистинската љубов не познава граници, далечина и може да ги преживее сите препреки, подеми и падови, па дури и светската пандемија која го измести курсот на нормалното живеење.

Јас, родена и израсната во Скопје го пишувам ова од домот во Бразил, а тука ме донесе љубовта, која, почна на отворено море.

За CRNOBELO.com пет интернационални парови ги споделуваат своите љубовни приказни почнати на брод, зборуваат за културните разлики и предизвиците кога едниот е на копно, а другиот на брод. 

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka.jpg

Јована и Онур: Славиме и Божиќ и Бајрам

Вистинска љубовна бајка меѓу 27-годишната Србинка Јована и 34-годишниот Турчин Онур. Тие се запознале додека таа работела како фотограф, а тој како менаџер на специјален ресторан на крузер. По само два месеци ја префрлиле на друг брод и таа верувала дека со тоа дошло и крајот на нивната слатка авантура. Но, само неколку дена по завршетокот на договорот, Онур ја изненадил со посетата во нејзиниот роден град Пладниште, во близина на Вршац.

Веќе четири години се заедно, а минатата година, на 31 јули го кажаа судбоносното да во нејзиниот роден крај. Оваа млада Србинка вели дека моментално живеат во „куфери“, на релација Србија-Истанбул.

Јована сонувала за голема свадба како од бајките, и на Босфор и во Белград, но поради пандемијата на крај се решиле за мала семејна прослава.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-06.jpg

„Тоа беше мала венчавка, но прекрасна. И верувајте ми воопшто не се почувствува разликата меѓу двете земји“ – раскажува младата Србинка.

На прашањето како е да се биде во врска со некој од друга култура таа вели дека воопшто не ја чувствува таа разлика бидејќи и двајцата имаат широки погледи кон светот и тоа не е проблем за нив.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-05.jpg

„Нашите разлики се едноставно во празниците, во кои и двајцата неизмерно уживаме. Иако сме од различни вери тоа никогаш не ни претставувало препрека. Подеднакво уживаме во славењето и на Божиќ и а Бајрам. Можеби на почетокот им беше чудно на некои луѓе како е можна врска меѓу Муслиман и Православна, но ние со гордост кажуваме и покажуваме дека тоа е можно и никогаш нема да биде препрека за вистинска љубов“ – раскажува таа за разликата во нивните религии.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-02.jpg

Во моментов Онур е на брод, а таа е дома за да го заврши факултетот, и вели дека и е многу тешко, бидејќи во последните три години биле неразделни. Наскоро и таа ќе му се приклучи во бродската авантура, но само како гостинка. Вели дека ги брои деновите кога ќе го види својот сакан, а за среќа технологијата и видео разговорите ја одржуваат нивната романса. Во овие моменти на разделба, таа акцентира дека довербата е клучот на успехот.

Јована објаснува дека бродскиот живот влијаел повеќе позитивно отколку негативно на нивната врска, додавајќи дека и најдобрите и најлошите мигови ги поминале заедно.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-03.jpg

„На брод времето поминува брзо, а таму оној кој ти е близок, ти станува уште поблизок, многу повеќе од кој било на копно, без разлика дали е пријател или момче. А тие врски, верувајте ми, се за цел живот“.

За пандемијата младата невеста вели дека најмногу влијаела на нивните свадбени планови, било стресно и неизвесно.

„Бевме на брод во ек на пандемијата. Беше многу стресно. Во рок од два часа ми рекоа да го напуштам бродот под итна постапка. Сите вработени мораа да си одат дома. На тој ден не можев ни да се поздравам со Онур. Тој се врати во Истанбул по четири дена.

Поради затворањето на границите ние бевме разделени три месеци. Најтешко од сé во оваа пандемија ми беше одложувањето на нашиот голем ден“ – раскажува таа и додава дека врските на брод се многу поинтензивни отколку на копно, бидејќи на брод живееш со таа личност во 20 метри квадратни во текот на седум месеци.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-04.jpg

Таа открива дека по завршувањето на факултетот планира следните две години да ги помине на брод, да соберат доволно пари за нов почеток, за нов дом и можеби свој бизнис. Јована додава дека е невозможно во исто време да се работи на брод и да се гради семејство, па иако сака деца, ќе почекаат.

Таа работи како фотограф, но се надева на менаџерска позиција на брод, а додава дека бродското искуство и го сменило животот и нејзините погледи кон светот воопшто, таа сега е поодговорна, поорганизирана и посмела.

Ани и Јанис: Од брод до Филипините преку Грција

Филипинката Ани и Гркот Јанис се уште еден доказ за вистинска љубов која почна на отворено море, а се закотви во филипинскиот град Кавите, каде имаат свој дом и мал бизнис. 33-годишната Ани и 28-годишниот Јанис се запознале на брод каде таа работела како продавач во бутик, а тој бил заменик шеф на тимот за обезбедување.

Таа е од Манила, а тој од грчкиот град Пиреус, а разликата во култури никогаш не била пречка за нивната љубов. Таа вели дека го запознала кога најмалку очекувала и дека заедно создале неверојатни спомени, и покрај сите подеми и падови останале заедно. По завршетокот на договорот останале во врска на далечина, а по 11 месеци заедно тој ја побарал за жена.

На 10 јуни во 2019 година на Филипините имале мала, интимна граѓанска венчавка, бидејќи како што таа вели, не сакале да ги потрошат заштедите на голема свадба.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-11.jpg

За разликата во културите Ани вели дека никогаш не почувствувала голема разлика ниту во поглед на култура, ниту во поглед на религија, бидејќи и двајцата се отворени, прошетани и отсекогаш имале контакти со други култури и различни средини поради работењето на бродови. Кога се во посета на родните краеви уживаат во откривањето на локалната култура, храна и население.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-09.jpg

„Секогаш е тешко е кога сме разделени, но мора да научиме како да бидеме далеку еден од друг, посебно бидејќи еден од нас мора да е на брод, а другиот дома. Секој ден чувствувам удари во градите колку ми недостига, но морам да издржам за нашата подобра иднина“ – вели таа која додава дека Јанис ќе продолжи да работи на брод, а таа ќе остане дома грижејќи се за нивниот мал бизнис.

Таа вели дека е олеснително бидејќи и двајцата искусиле бродски живот, разбираат како е да се биде на брод и дека се доволно зрели да се соочат со сите предизвици кои го носи работењето на брод и разделбите, фокусирајќи се да ја одржат комуникацијата и покрај временските разлики со заеднички напори и компромиси. Таа вели дека најпредизвикувачки фактор во врските на брод е стекнувањето доверба и одржувањето на врската во далечина.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-08.jpg

На прашањето дали се двоумела дека нивната љубов ќе продолжи по завршетокот на договорот таа вели дека секој кој почнал врска на брод поминал низ истите искушенија, проблеми со доверба и разделби, но во нивниот слуачај, тие двајца, докажале дека нивната љубов е посилна и поголема од растојанието меѓу нив.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-10.jpg

Во време на пандемија, за нив најтежок е фактот дека се немаат видено скоро една година поради правилата за престој на странци и рестрикции во патувањата, но свесни дека тоа се моментални страдања кои го носи животот и дека не се едниствени во светот кои се соочуваат со тоа и се надеваат дека наскоро пак ќе бидат заедно.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-07.jpg

Оваа млада Филипинка додава дека од работењето на брод научила многу работи, да работи под притисок во интернационална средина со колеги од различни култури и далеку од семејството, а тоа ја направило посилна и понезависна.

Ернест и Ана и нивната египетско-бразилска љубовна приказна

Уште една љубовна приказна која спојува два континенти, Африка и Јужна Америка, Египќанецот Ернест од Каиро и Бразилката Ана Вирџинија од Салвадор кои веќе шест години уживаат во својата љубов која не познава граници. Се запознале во 2015 година, каде Ернест работел како фотограф, а Ана продавачка во бутик, а денес тој е фото-менаџер, а таа хостеса во фотогалерија.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-13.jpg

Ернест вели дека е тешко да се биде во врска со личност од друга држава и друга култура, но се текот на годините тие успеале да најдат свој начин на разбирање, навикнување и уживање во убавите моменти. Тој додава дека поради работењето на брод многу работи се надвор од нивна контрола и дека вистинските моменти на слабост се кога се оддалечени еден од друг, еден на море, а другиот на копно или секој на различен крај од светот.

Вели дека тоа што и двајцата работат на брод им дава финансиска стабилност и можност да ги поминуваат одморите заедно, или во Каиро или во Бразил.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-12.jpg

„На почетокот беше само авантура без љубов и единствениот страв нѝ беше да не се сретнеме повторно на брод. Но, за наша среќа на следниот договор повторно бевме на ист брод, се заљубивме и оттогаш правиме сé за да можеме да бидеме на ист брод во исто време“ – раскажува младиот Египќанец кој додава дека веќе ја побарал Ана за своја животна сопатничка и научил да зборува португалски, а таа го изучува арапскиот јазик. Чекаат да помине пандемијата за да можат да направат свадба.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-14.jpg

Ернест раскажува дека поради пандемијата и затворањето на границите поминале долг временски период разделени, но полека работите се враќаат во нормала и наскоро и двајцата очекуваат да се вратат на работа на брод, потенцирајќи дека и двајцата уживаат во својата работа и патувањата.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-16.jpg

За нив двајца работењето на брод покрај добрата заработка и можности за патување им го донела најдобриот подарок, нивната љубов.

brodski-ljubovni-prikazni-srbinkata-jovana-i-turcinot-onur-egipkanec-i-brazilka-belgisko-izraelska-ljubovna-bajka-15.jpg

Уште 2 љубовни приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg