Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што правам“

„Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за животни и деца. Емотивна сум и за луѓе кои не ги познавам, а имаат трагични судбини. Тоа си го ставам при срце. Ама ладна сум како камен кога се во прашање лажни пријателства и луѓе кои пробуваат да ме повредат“, вели Елена Ристеска за CRNOBELO.com.

elena-risteska-za-crnobelo-37.jpg

21 година откако се појави во јавноста и победи во музичкото натпреварување „М2 потрага по ѕвезда“, Елена Ристеска од девојче, се трансформира во жена со префинет стил, харизма, изграден став и силна личност. Но, оние што го гледаа шоуто и растеа со нејзината музика, и понатаму ја поврзуваат со 16-годишната тинејџерка со црвено-бели чорапчиња која ги освои на прва.

Елена денес е и успешен музичар и успешна деловна дама. И, може да оствари сè што ќе замисли. Во тоа има голема потпора од семејството, особено од мајка ѝ за која вели дека е нејзиното прибежиште, столб и топол дом, па дека без нејзината љубов и воспитување таа никогаш не би станала жената што е денес.

elena-risteska-za-crnobelo-31.jpg

Кога зборува за својата мајка, сестра ѝ и внуката Делфина, Елена тоа го прави со многу љубов. Но, не ја крие ни тагата за прераната смрт на нејзиниот татко.

„Само станува потешко со годините. Иако велат дека времето лечи сè, таа рана да изгубиш родител или, не дај Боже, дете, е рана која не заздравува никогаш, колку и да ја лечиш и се тешиш дека можеш да живееш нормално. Залудно е“, вели со многу емоции Елена во интервју за CRNOBELO.com.

По две децении на сцената, муабети со Елена има многу. И, на секоја тема – љубов, семејство, детство, бизнис, неубави коментари на нејзина сметка, Евровизија, музика. Но, и за стилот на облекување, за изгледот, колкав гурман е - ни раскажа сè во интервјуто:

Луѓето кои растеа во времето кога ја испеа „Она другото“ и денес ја обожаваат ова песна, а верувам на многумина им враќа убави спомени. Kако реагираш ти кога ќе ја слушнеш денес на радио? 

Ах, тие убави времиња, златни времиња во музичката индустрија во Македонија.

Секако дека таа песна ми буди најубави спомени, поврзани со почетокот на мојата 21-годишна кариера, на мојата победа на аудициите на М2 продукција и воедно мојата прва песна.

Дефинитивно развлекувам широка насмевка додека го пишувам овој одговор - исто така и кога ќе ја чујам на радио.

elena-risteska-za-crnobelo-29.jpg

Повеќе од 2 децении си на сцената, период во кој беше и на врвот и далеку од јавноста. Кога ти беше потешко – кога беше во центарот на вниманието или кога се повлекуваше?

Дефинитивно и едната и другата состојба си имаат своја убавина.

Кога си во центарот на вниманието, тогаш си во полн елан и расположение, креираш, работиш и заработуваш.

Секако, има своја предност кога ги полниш батериите и размислуваш за нови чекори во музиката, период во кој уживаш и го трошиш заработеното.

Кај мене е секогаш така, или работам во полна пареа 24/7 или се одмарам и сум во лер.

Меѓутоа има и состојба во која работам, ама не објавувам во јавноста сè додека не сметам дека треба да се објави, особено кога сум во фаза на работење.

Една од таквите фази беше кога работев на козметичкиот бренд ЕРА козметика. Две и пол години секојдневно работев на производите сè додека не објавив дека е подготвено сè за продажба.

Во последно време патувам и работам, ама не објавувам за да не ми го уништат убавото злите луѓе.

А богами, и има многу злоба меѓу народот, па се штитам со тоа што не гледаат ниту каде сум, ниту што правам.

elena-risteska-za-crnobelo-24.jpg

Луѓето те гледаа на ТВ како растеш, се менуваш пред камерите, па од девојчето со чорапчиња, стана софистицирана жена… Што ти помогна најмногу да созрееш?

Животот и искуствата ми помогнаа да созреам. Потребата на поединци да се сликаат и позираат покрај мене како јавна личност и да ја зголемат, навидум, својата вредност, да украдат бар малку од мојата слава. Тие беа во форма на „пријатели“, „познаници“, „партнери“.

Секој си го покажува своето лице со текот на времето. Кога си на врвот, сите се тука со целосна поддршка. Кога ќе те нападнат непријателите, во повеќето случаи неправедно, сите се понастрана, никој не е тука да посведочи дека не си ни сличен на тоа што те опишуваат или за што те клеветат.

Ме созреаја приватните неуспеси и моментите на тагување. Сето тоа ме направи посилна и недопирлива жена.

Никој ништо не ми може.

elena-risteska-za-crnobelo-34.jpg

Каква си денес, споредено со почетокот на кариерата? Каква е Елена што ја знаат само најблиските?

Сè тече, сè се менува. Се променив и јас. Но, веројатно кон подобро.

Сега знам да си го чувам мирот, да се изолирам од „калта“ во која пливаат повеќето кои тежнеат кон модерното време и начин на живот.

Мене никогаш не ми беше важно да сум позната и во центарот на вниманието.

Јас отсекогаш само сакав да пеам и да имам своја публика што ќе ме почитува.

Сега, по толку време, уште помалку ми е важно сето тоа.

Сега сакам само да сум среќна. И сè уште само сакам да пеам од дното на мојата душа, со полна емоција.

Приватно, мислам дека никогаш нема да ја сменам мојата најголема доблест и маана истовремено, а тоа се добрината и несебичноста.

Барем така зборуваат најблиските.

elena-risteska-za-crnobelo-05.jpg

Ти пречи ли што и по 20 години уште те следи епитетот „девојчето со чорапчињата“?

Зошто би ми пречело нешто толку слатко како назив? Кога уште тогаш трасирав некаков посебен стил?

Имав 16 години и нормално беше да изгледам соодветно на годините. А потоа, овој стајлинг остана најзапаметен.

elena-risteska-za-crnobelo-38_copy.jpg

Важиш за жена со изграден стил... Каде купуваш гардероба? Кое е најскапото парче облека (или аксесоар) што го поседуваш?

Гардероба купувам два-трипати годишно и тоа најчесто кога одам на патувања. Италија ми е омилена дестинација за шопинг.

Купувам едно или две парчиња, ама вредни. Премногу гардероба имам купено низ годиниве, што сега само надополнувам по некое парче.

Порано купував сè и сешто и фрлав пари на глупости и облеки кои не ми требаа, а сега се фокусирам на квалитет.

Највредни ми се чантите кои сум ги купувала низ годините. Секако, имам и вредни аксесоари и чевли.

Но, не мора да значи дека не купувам и подостапни брендови - најубаво е кога се комбинираат квалитетна чанта и чевли со облека која најубаво ти прилега.

Фала му на Бога што добро заработувам со музиката и со козметиката, па можам и да си удоволам со по некое парче квалитетна гардероба.

Уште повеќе сум среќна што можам да подарувам. Тоа ме прави посреќна отколку кога купувам за себе.

elena-risteska-za-crnobelo-27.jpg

Каков е твојот стил за настапите, а каков приватно? Ако ти дојде дома некој ненајавен, каква ќе те види? Во тренерки и без шминка или секогаш дотерана?

Ретко кој е среден дома. Да се разбереме, домот е единствено место каде сме вистински и природни, без шминки, дотерувања и замарање со изгледот.

Се уморив некако од шминкање, позирање, средување.

Од 16 години сум во музичкиот бизнис и премногу се 20 години поминати во стегнатост и внимавање на секоја ситница.

Но, некогаш и дома знам да се средам бидејќи така подобро се чувствувам во својата кожа, самата пред себе.

Уште поважно е што не сум дозволила никој од страна да ме види несредена. Сепак сум јавна личност.

За настапите секако дека треба гардеробата да е поефективна и позабележителна.

Приватно се облекувам само во комотни парчиња гардероба.

elena-risteska-za-crnobelo-26.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg