Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за тоа како е зачната“

„Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив со ин витро и што станав мајка на 48 години. Само си велев ‘да успее и да издржам до крај’ бидејќи не можев да ги поднесам хормонските терапии, од нив ми беше многу тешко. Но, откако пред 5 години се роди Анна, животот ми се смени“, вели Васка Леонтиќ за CRNOBELO.com и раскажа како е да се биде еднороден родител. 

vaska-leontikj-53-stana-majka-na-48-zabremeniv-so-in-vitro-ne-si-go-sakav-domot-pred-da-se-rodi-kjerkata-01.jpg

Васка Леонтиќ (53) е стилист, едукатор и основач на приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“. Родена во Истанбул, на четиригодишна возраст со своето семејство се сели во Скопје. Оттогаш, тука ги минува своите најубави, но и најтешки денови. А тука на 48 години ја роди и ќерката Анна, која е центар на нејзиниот свет.

За Анна вели дека е најубавото нешто што ѝ се случило во животот, иако станала мајка во поодминати години. Ѝ се смениле животните навики, а со раѓањето на ќерката, Васка добила нови приоритети.

vaska-leontic-39.jpg

За тоа како е да се биде еднородно семејство, за нивното секојдневие кое ја исполнува во секој миг и за тоа колку ѝ се сменија и животот и целите, Васка ни раскажува во разговорот за CRNOBELO.com:

Во јавноста сте позната како стилист, едукатор, основач и директор на приватното средно училиште и приватниот обучен центар „Академија Леонтиќ“ и мајка на Анна која има скоро 5 години. Како успевате да ги споите сите обврски и да сте успешна на секое поле?

Кога се одлучив да родам дете по пат на ин витро, поголемиот дел од сите мои желби во однос на кариерата и плановите поврзани со работата веќе беа завршени.

Ги добив верификациите за Средното училиште и Едукативниот центар, ги сработив сите најзначани проекти, воспоставив мрежа на странски партнери и со нив сега комуницирам само преку zoom.

Меѓународните средби, контакти на семинари, поголемиот број работилници и состаноци, од лично видување ги заменив со онлајн состаноци.

На овој начин заштедувам многу време и имам повеќе време за ќерка ми, а и не треба да барам некој дополнително да ја чува Анна во попладневните часови. Но, морам да бидам искрена дека личните средби на тие состаноци и таа енергија, многу ми недостасуваат.

Во сета таа ‘гужва’ и новонастаната ситуација, приновата ја прифатив како еден долгорочен проект и немав чувство што е лесно, а што тешко.

Сега веќе кристално ми е јасно сè.

vaska-leontic-21.jpg

Поточно, само гледав обврските да завршат - ќе дојде утрото, а јас чекам да помине за да дојде ноќта. Ќе дојде ноќта, Анна се разболела, качила температура, па едвај чекав да се раздени. И така поминаа четри и пол години.

Сега е многу полесно, сега сиот редослед ми е познат и не е ништо така страшно и драматично како што ми се чинеше на почетокот.

Првите три години беа многу стресни и тешки, бидејќи немав никакво искуство. До третата година имав неизмерна помош од семејството, а најмногу ми помагаше сестра ми, која и ден денес се грижи за Анна.

vaska-leontic-45.jpg

Но, имав помош и од сите други кои ме познаваа приватно, професионално, од вработените, од бебиситерките (поминаа доста), од домаќинки, мои пријателки и другарки.

Буквално сите на свој начин ми помогнаа, кој со совети, кој ми укажуваше како да ја чувам и дојам, кој со дружба и заеднички прошетки низ паркови и други средби.

Тие кои беа надвор од државата и во далечина, испраќаа многу подароци за Анна, но сето тоа некако течеше до втората година.

Анна на две и пол години почна да оди во градинка и оттогаш немаме бебиситерки, помошнички, негувателки, домаќинки.

Постепено, како одминуваше времето, се одлучив сама да преземам сè во свои раце.

Ние настојуваме да се гледаме и да одржуваме контакт со сите кои ја чуваа Анна и беа дел од нашиот заеднички живот, бидејќи таа ги обожава и има посебна врска со нив, ги памети и многу сака да ѝ раскажувам како ја хранеле, каде седела додека јадела, какво ѝ било столчето, каде лазела, што сме ѝ говореле, која кашичка најмногу ја сакала, со кои играчки најмногу играла.

Сака многу да ги гледа фотографиите и тие лица бара да се присутни во нејзиниот живот.

vaska-leontic-14.jpg

Имаме секојдневни ритуали – од понеделник до петок е во градинка, а по градинката се дружиме ние две, но кога нема кој да ја чува, понекогаш ја водам со мене и на состаноци или на работа.

Како расте, си бара свое друштво, врснички за игра. Има потреба да спортува, го сака балетот, да вози велосипед, тротинет и многу сака да научи да плива.

Тетка ѝ ја шета за време на викенди, ја носи во зоолошка градина, во парк, во игротеки, на гости кај пријателки, ѝ приредува дома забави со дечиња од соседството.

По работното време, комплетно ѝ се посветувам на Анна и сета моја енергија е насочена само кон неа.

Но не значи дека затоа што е единица сè ѝ е дозволено. Таа знае што смее, а што не смее, што е исправно, а што не, и во домот и надвор од него. Не е секогаш едноставно, но учиме да ги балансираме сите желби до умерено ниво.

vaska-leontic-41.jpg

vaska-leontic-62.jpg

Во овој период од нејзината возраст можам да си дозволам пауза во одредени проекти, но тоа не може да биде до недоглед.

Сега неминовно е да бидам присутна повеќе и секаде со неа, бидејќи во моментов има најмногу потреба од мене.

Многу работи сака да ги научи, многу е љубопитна, прашува многу често и сака потврда за сите работи кои не ѝ се познати. Ова е и период на врзување, градење на доверба помеѓу мајка и ќерка.

Навечер кога ќе си легнеме, пред да заспие, ги раскажува сите ситуации кои ѝ биле нејасни, а за одредени ситуации кога ѝ било тешко и била повредена, бара објаснување.

Има потреба од внимание и за да го надоместиме моето отсуство, разговараме многу. Ова се непроценливи моменти, многу е интересна, па за многу работи и јас учам од неа.

Сиот овој период поминува со огромна доза на хумор и ситуации кои ќе ги паметам долго и ќе ѝ ги раскажувам кога ќе порасне.

vaska-leontic-04.jpg

Кога сте еднородно семејство, сам го одгледувате детето и имате своја фирма, немате никакви очекувања од никого, немате кого да обвинувате, одлуката сте ја донеле по сопствена желба, сфаќате дека сте направиле личен избор, па во овој период од животот го живеам сонот што го посакував со години.

Баланс мора да постои. Кога ја немав Анна во мојот живот, бев посветена само на работата.

Не значи дека тогаш бев поуспешна или порелаксирана, туку бев посветена само на себе: по неколкупати на ден се пресоблекував, за секој состанок морав да имам свежа фризура и соодветен лак на нокти, носев различни тоалети во зависност од пригодата или состанокот.

Денес апсолутно не ми ни текнува на тоа. Претходно бев преоптоварена со килограмите и се мерев на вага по секое станување и пред легнување. Не дозволував 100 грама да се поправам, а тоа сега е многу променето.

Сега работам по 14 часа во текот на денот, поспокојна сум, а секоја работа или контакт кој ми влевале стрес ги оттргнав од мене.

Среќна сум дека домот не е повеќе празен и имам за кого да се грижам и мислам во текот на денот.

Нема ништо поубаво од тоа да пружите некому љубов безусловно.

vaska-leontic-16.jpg

Сè зависи од тоа во кој период од животот какви очекувања имате. Различно е кога ќе почнете кариера и ќе ја развивате на 20+ години, на 30, 40 или над 50-годишна возраст.

Зависи и какви потреби имате и врз нив како ќе ја организирате работата - дали сакате да бидете менаџер и само да ја гледате заработката на крајот на денот или сакате да бидете лидер и работата да ја креирате на долги патеки, па таа да прерасне во семејна традиција...

За мене е невозможно како менаџер и лидер да работам само 8 часа во текот на денот.

Задолжително во текот на денот работам по 14 часа во нормални ситуации, а во екстремно интензивниот период и по 18 часа и тогаш приоритет им давам на клиентите.

Но, откако Анна наполни 4 години, сфаќам дека сега е најубавиот период кој го живеам со неа.

vaska-leontic-23.jpg

А за тоа како се трудам Анна да не го забележи моето отсуство, морам да кажам дека користам моменти да работиме заедно, па така, таа ми приредува претстава, а јас од дома ги вршам сите подготовки за обуки и состаноци.

Кога сум на zoom, таа се запознава со колегите и колешките на мама, доаѓа со мене на конкретни состаноци и на овој начин веќе навлегува во светот на мојата работа.

Сето ова што е само мал сегмент од мојата плодна 30-годишна кариера и моето мајчинство.

Но, можам да кажам дека сега сум посталожена од кога било, а во некои работи дури и не се препознавам самата себеси. За тоа е најмногу заслужна Анна која ги надополни сите празнини.

Многу работи се сработија и откога таа се роди. Ми делуваше многу мотивирачки.

А има и уште многу кои допрва да се направат, но тие се поврзани со иднината на мојата ќерка.

vaska-leontic-27.jpg

vaska-leontic-59.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg