Вања Мицевска се избори со ракот на 26 години: „Имаш рак - се срушив, нозете не ме држеа, но научив важни лекции“

„Да се прима хемотерапија значи да примате отров кој сепак нема да ве убие. Хемотерапијата ги убива малигните, но ги оштетува и нормалните клетки, па секако дека негативните ефекти се неизбежни. Тие особено беа интензивни по првите четири хемотерапии. Во тие денови нашиот дом се претвораше во ординација со куп инфузии, игли, апчиња...“, раскажува младата Вања Мицевска од Штип.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-01.jpg

Вања Мицевска (28) потекнува од Штип, но живее во Скопје со својот партнер, работи како новинарка, а освен дипломиран новинар е и магистер по односи со јавност и зад себе ја има најтешката животна битка.

На само 26 години ѝ бил дијагностициран рак на града. Дијагнозата ја доживеала емотивно, битката ја водела храбро, иако живеела некои од најтешките денови во нејзиниот живот, а сега се чувствува одлично и сака да ја поткрене јавната свест дека ракот е болест која не познава за години, односно и на најмладите може животот за миг да им се сруши како кула од карти поради оваа дијагноза.

Сепак, вели дека од сето ова излегла похрабра и помудра и животот го цени повеќе од кога било.

За целата голгота, но и лекциите кои ги научила од овој тежок процес, храбрата Вања говори за CRNOBELO.com:

На колку години ја доби дијагнозата рак на дојка? Како се справи со шокот?

Дијагнозата рак на дојка ја добив неполни три месеци по мојот 26-ти роденден или 18 години откако оваа болест ѝ беше дијагностицирана на мојата баба.

Реченицата „резултатите пристигнаа, за жал имате рак“ навистина беше како гром од ведро небо и на површина испливаа сите лоши емоции што ги насобрав во себе трагајќи по вистинската дијагноза, откако го почувствував првиот симптом.

Бев во неверување и ми беа потребни неколку дена за да прифатам дека во моето младо и навидум здраво тело има малигни клетки. Сепак, дома имав веќе една херојка, па држејќи ги за рака моите најблиски кренав глава и тргнав по патот за кој знаев дека ќе биде „поплочен“ со трња, но дека на крај ќе стигнам до убава цветна градина.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-18.jpg

Што направи прво? Како изгледаше процесот на планирање на лекувањето?

Кога ја слушнав дијагнозата сѐ останато стана сосема неважно. Излегов од ординацијата на мојата премила докторка. Лутав со погледот, тргнав некаде како залутан патник, најдов една клупа и се „срушив“ бидејќи нозете не ме држеа.

Ѝ се јавив на мајка ми и само го изговорив зборот – рак. Во следниот момент веќе се најдов во нејзината прегратка и бев покревка од кога и да било.

За жал, иако оваа дијагноза не беше нешто непознато за мојата фамилија мислам дека сите се чувствувавме изгубено. Секој некаде ѕвонеше и се распрашуваше, па со оглед на тоа дека беше петок, прегледот кај торакалниот хирург го закажавме во понеделник.

Точно за девет дена по прегледот кај него, ме очекуваше операција, а по околу еден месец онколозите Нино Васев и Мери Пешевски ја испланираа конкретно хемотерапијата којашто морав превентивно да ја примам поради мојата возраст, иако болеста беше откриена рано.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-23.jpg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Секако дека моето семејство. За нив и се борев. Овде беше и моето момче, неговото семејство, пријателите, колегите и другите соборци – онколошки пациенти. Не сакам да звучи како таа поддршка да ја ставам на кантар, но ако треба да ставам топ три личности на пиедестал тоа би биле мајка ми, баба ми и снаа ми.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-17.jpg

За мајчината безрезервна љубов не е потребно многу да се каже, јас ниту за миг не се посомневав дека заедно ќе одиме по тој пат.

Со баба ми и немав многу комуникација за време на лекувањето бидејќи мојата истоштеност ќе ја истоштеше и неа, но и во деновите на нашите кратки разговори кога ќе речев „многу ми е лошо“, таа ми велеше „знам сине, знам“. Јас знаев дека таа најдобро од сите може да ме разбере, најдобро од сите може да знае што значи да го градиш одново својот свет кој се срушил, бидејќи кога еднаш ќе поминеш низ процесот на хемотерапија, нус ефектите ќе ги паметиш доживотно.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-27.jpg

Снаа ми пак, е медицинска сестра и со своите стручни познавања и племенитост беше мој ангел чувар. Беше подготвена да дојде во кое било време од денот или од ноќта и освен мајка ми, таа е единствената личност што можеше одблизу да посведочи за мојата исцрпеност во деновите по хемотерапијата.

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата? Како ѝ пристапија на ситуацијата?

Всушност јас им кажав за дијагнозата само на две од моите најблиски другарки, кои останаа тотално запрепастени и со тон емпатија кон мене. Едната ја дозна дијагнозата ноќта пред да се оперирам и тоа илјадници километри далеку од мене, бидејќи не живее во Македонија. Другата дозна кога веќе бев во болничкиот кревет и дојде најбргу што можеше.

Другарката пак, која за болеста дозна од мајка ми доби „задача“ да им соопшти на останатите затоа што јас немав сила повторно и повторно да го изговарам зборот рак и да објаснувам дека тоа нешто е во мене.

Се дружевме колку што дозволуваше ситуацијата, ми влеваа позитивна енергија, ми помагаа само со своето присуство. За жал, некои луѓе се оддалечија и заедничките моменти сега се само спомени, но јасниот видик за релациите со другите луѓе е токму една од лекциите кои може да ги научите кога ќе ви се случи една ваква болест.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-10.jpg

Што значи да се прима хемотерапија? Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

Да се прима хемотерапија значи дека примате отров кој сепак нема да ве убие. Хемотерапијата ги убива малигните, но ги оштетува и нормалните клетки, па секако дека негативните ефекти се неизбежни. Тие особено беа интензивни по првите четири хемотерапии.

Во тие денови нашиот дом се претвораше во ординација со куп инфузии, игли, апчиња... За да се справам со тие негативни ефекти гледав да го сочувам пред сѐ моето ментално здравје па уживав во читањето книги и гледањето комедии.

vanja-micevska-se-izbori-so-rakot-na-26-godini-imash-rak-se-srushiv-nozete-ne-me-drzhea-no-nauchiv-vazhni-lekcii-22.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg