Анета Здравковска: „Дијагнозата рак на дојка ја добив на 39 години, додека ја доев ќерка ми - се изборив за моите деца“

„Првата хемотерапија требаше да ја примам само неколку дена пред првиот роденден на ќерка ми, но ја замолив докторката барем да помине роденденот и да започнам. На 13-ти октомври го прославивме роденденот, а веќе на 15-ти првата хемотерапија течеше во моите вени. Најголемата болка ми беше што по операцијата не можев да ја држам ќерка ми во раце, а не можев ниту да ѝ помагам да ги прави своите први чекори“, раскажува Ане Здравковска од Скопје за CRNOBELO.com.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-01.jpg

Анета Здравковска (41) од Скопје е дипломиран социјален работник, кој моментално е на работна позиција HR советник. Таа на 39 години ја добила дијагнозата рак на дојка, но успеала храбро и со помош на семејството да се избори со оваа болест.

Таа открива каков бил нејзиниот пат и колку семејството е клучно во процесот на лекување.

Анета Здравковска открива за CRNOBELO.com:

На колку години ја доби дијагнозата рак на дојка? Како се справи со шокот?

Дијагнозата рак на дојка ја добив на 39 години, во периодот додека ја доев мојата 11-месечна ќерка, а 2 дена по завршување на породилното боледување.

Кога таа имаше 4 месеци го открив топчето на десната дојка, се посомневав веднаш, но со надеж дека се работи за мастит, кој најчесто го имаат жените доилки останав мирна, без да побарам лекарски преглед.

Но, на 7-миот роденден на мојот син беа поканети другарчињата од неговото одделение кои дојдоа со своите мајки, две од нив носеа перики Кате и Јана, кога прашав зошто, одговорот беше карцином на дојка.

Тоа ми беше првото предупредување, утредента отидов во една приватна клиника на преглед, но „за жал“ докторката не откри ништо, рече дека сè е во ред и си заминав дома пресреќна.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-21.jpg

Второто предупредување го добив од мојата пријателка Кате, со која имавме дечиња со идентична возраст.

Заминавме на одмор на планина, а таа само што ја имаше примено првата хемотерапија. Кога ја прашав како ја открила болеста, ми рече имав топче на градата, а исто така беше доилка, мајка на 14-месечна ќеркичка. Ова за мене значеше уште еден сигнал.

Кога се вративме во Скопје повторно отидов на лекарски преглед, докторот дијагностицираше воспалена циста, но рече најдобро да направиме биопсија за да бидеме сигурни дека сè е во ред.

Биопсијата ми ја закажаа на вториот ден од моето враќање на работа, по породилното боледување.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-12.jpg

Што направи прво? Како изгледаше процесот на планирање на лекувањето? Како реагираше сопругот кога му ја соопшти дијагнозата? Како ја претстави ситуацијата пред децата?

Резултатите од биопсијата пристигнаа на мејл, на мојот работен состанок со претпоставените, го прочитав само болдираното, пишуваше:

МАМАРЕН ДУКТАЛЕН КАРЦИНОМ, ВЕДНАШ ДА СЕ ЈАВИ НА ХИРУРГ!

ШОК! Најпрво помислив дека е некоја грешка, дека наодот не е мој, во неверување и голем шок излегов од работниот состанок и се јавив на сопругот…

Рак, јас имам рак. Во главата ми поминуваа разни мисли, се борев сама со себе. Првата мисла ми беше… Зошто јас?, Зарем ќе умрам? Децата? Измешани слики и чувства.

Сопругот ја известил неговата мајка, која веќе ја имаше изодено оваа патека, по професија медицинско лице и таа веднаш ми го организираше лекувањето.

Мамографија, закажување операција, хемотерапии, ми стана најдобра другарка низ болничките ходници и имав потполна доверба во неа.

А мајка ми? Морав да ја поштедам од суровата информација, па вешто успеав да ја скријам дијагнозата. Ѝ кажав некое топче, па докторот рече подобро е да го извадиме, но за кратко ја дозна и вистината. Таа беше жртва за мене и моите деца, ми помагаше во сите домашни обврски.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-07.jpg

Моите најблиски беа во шок, сопругот, мама, тато, свекрва ми, свекор ми, брат ми, снаа ми, внуците. Само моите деца не ја разбираа сериозноста на зборот рак, Нина имаше 11 месеци, а Дарјан 7 години, иако мислев дека е доволно зрел, сепак не беше свесен за сериозноста на мојата болест.

Наместо да се подготвуваме за првиот роденден на ќерка ми, ние почнувавме битка, битка со една сурова болест.

Денот по добивање на дијагнозата, веќе бевме кај најдобриот торакален хирург доктор Горан Кондов, кој веднаш ме испрати на мамографија. Мамографијата даде оптимистички резултати, нема фатени лимфни јазли, не знаев дали да се радувам и што значи тоа.

Докторот рече ова ми изгледа добро и веројатно ќе нема потреба да се отстрани целата града, но да бидеме сигурни ќе направиме уште едно испитување, кое покажа суспектно зафатени 2 лимфни јазли.

Операцијата беше закажана една недела по откривање на болеста, градата не беше отстранета, но резот беше огромен. Кога се разбудив од операција, докторот рече дека можеби нема да имам потреба од хемотерапија, но сепак бев психички подготвена, како ќе кажат докторите, така и нека биде лекувањето.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-18.jpeg

Како дечињата ги прифаќаа промените кои ти се случуваа? Забележуваа ли дека нешто не е во ред?

Со оглед на тоа дека се многу мали, само Дарјан кој беше премногу зрел за неговите години забележуваше дека нешто не е во ред.

По секоја хемотерапија моите родители ги носеа по 2 дена кај нив, за да не мора да ме гледаат како се мачам, додека лежев приклучена на инфузија. Дарјан ме гушкаше, но не прашуваше многу.

Упорноста да ја добијам битката, беше токму за нив.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-16.jpeg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Се разбира, моето семејство, одреден круг на пријатели и морам да ги истакнам моите борки-пријателки Кате, Јана и Кате кои истото го имаа поминато точно една година пред мене, а со Кате се разликуваме само во хемотерапиите, таа беше 2 терапии пред мене.

Мојата кума Соња исто така ми беше голема поддршка и таа го имаше изодено истиот пат. Во тие моменти можев и најдобро ми беше да разговарам со личности кои веќе го поминале патот низ кој треба да чекорам јас.

Најголема поткрепа низ процесот на лекувањето и терапиите ми беше мојата свекрва, а за обврските со децата и домот мојата мајка, на двете сум им вечно благодарна, без сопругот, нив две и моето семејство немаше да го издржам целиот процес на лекување.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-20.jpg

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата? Како ѝ пристапија на ситуацијата?

Да бидам искрена, на почетокот им забранив на моите најблиски да кажуваат за она со кое јас тешко се соочив, не сакав да ме сожалуваат. Но, по операцијата сфатив дека тоа не може да се крие и лично ги известив оние кои ми беа посебно драги.

Со неверување ја прифатија дијагнозата, ми велеа ти ли, најпозитивната и најхрабрата личност која ја знаеме. Но, болеста не бира ниту лик, ниту време.

Во текот на лекувањето најпријатна ми беше дружбата со Кате, Јана и Кате, кои беа излекувани од карцином на дојка и цело време ми даваа несебична поддршка и совети, но и моите најблиски пријатели на секој начин се обидуваа да ме расположат и ми организираа пријатни дружби.

aneta-zdravkovska-dijagnozata-rak-na-dojka-ja-dobiv-na-39-godini-dodeka-ja-doev-mojata-11-mesechna-kjerka-se-izboriv-za-moite-deca-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg