Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испуштав раката“

„За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го избравме заедно. Ќерката што треба да се роди ќе се вика Ана, а нејзино средно име ќе биде Ирена, во чест на мојата прерано почината вујна“, вели пејачот Дарко Илиевски.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-01.jpg

Пејачот Дарко Илиевски, кој се прослави со шоуто „Идол“, во екот на најголемата популарност се пресели во Америка. Тој се ожени со Ивана, со која веќе неколку години живеат на Флорида.

Брзо по свадбата тие го добија синот Матео, а во април 2024, вторпат ќе станат родители. Парот сега чека девојче, а за CRNOBELO.com, Дарко откри дека таа ќе се вика Ана.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-07.jpg

За деновите додека го очекува раѓањето на ќерката, но и кои се предизвиците со кои се соочил како татко досега, Дарко ни раскажа во интервјуто:

Со Ивана пред неколку месеци откривте дека чекате второ дете и дека ќе биде ќерка. Дали си возбуден што ќе добиеш уште дете, и тоа овојпат девојче?

Многу сум возбуден што Господ нè благослови со уште една принова.

Посебно сум среќен што ќе имам и син и ќерка. Ќерката е секогаш татина маза, па се надевам дека и во овој случај ќе биде така.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-08.jpg

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат го виде синот? Какво беше чувството?

Да, тоа е еден од моментите во животот кои никогаш не се забораваат.

Матео беше роден во 37-мата недела, па мораше првата ноќ да ја помине под мониторинг, а јас голем дел од времето го поминав со него, држејќи го за рака.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-05.jpg

Кога беше бебе Матео, колку ѝ помагаше на сопругата во обврските со него?

Иако можеби не делувам така, јас сум премногу посветен татко и сопруг. Грижата за моето дете никогаш не сум ја гледал како помош за сопругата, туку како моја обврска и пред сè задоволство.

Уште од првиот ден менував пелени, го бањав, пресоблекував и го дохранував Матео.

Во истото време бев посветен и на тоа да ѝ помогнам на Ивана за побрзо закрепнување.

Во текот на короната бев дома и целосно се посветив на растот и на развојот на Матео.

Горд сум на тоа и што имам доволно време да уживам со него.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-11_copy.jpg

Дали си од оние татковци што читале или раскажувале приказни или си немал време за тоа?

Матео е посебен по тоа што кога ќе му читаш приказна, тој се вмешува и пробува да ја смени приказната како што му одговара нему, а јас некако немам нерви за тоа, ха, ха.

Ивана е посветена околу читањето и раскажувањето приказни.

Во последно време имаме навика секоја вечер пред легнување да си разговараме за тоа како му поминал денот, што се случило во градинка, што ново научил и што би сакал да направи следниот ден.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку... „Носам облека што ме прави среќна. Во мојот ум, класичниот леопард принт е „неут...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...

Најчитани неделава