Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навечер медитација“

„Се станува околу 5 часот, следува ладен туш и почнуваме со различни јога вежби сè до 9:30 кога е време за јадење. После тоа времето го посветуваме на волонтирање сè до 17 часот кога е време за попладневна јога. Тоа завршува накај 19 часот кога е повторно време за јадење, а потоа следи волонтирање или медитација до 21:30 кога е време за спиење. Ова делува на многу монотоно секојдневие, но ретко кој го доживува на тој начин“ - за CRNOBELO.com Петар Керамитчиев раскажува за своето искуство со престојот во ашрам во Индија и неговата духовна трансформација. 

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 12

Петар Керамитчиев од Скопје на времето бил брливо, но многу љубопитно дете. Растејќи низ животот се наоѓал во многу конфликтни ситуации, но многу учел од истите. Сакал да го смени светот, но сфатил дека мора прво да се промени себеси.

Пред неколку години бил студентски и граѓански активист и се занимавал со маркетинг, паралелно патувајќи сам низ Европа. Тренирал и боречки вештини и отсекогаш во себе ја имал потребата подлабоко да го разбере животот.

Поразговаравме со него околу неговата духовна трансформација и за престојот во ашрам, центарот за јога во Индија...

Петар ти си еден од ретките луѓе од кај нас што реши да замине на едно инспиративно патешествие во Индија, поточно одлучи да престојуваш во ашрамот „Иша“, центарот за јога на познатиот Садгуру. Oд каде потребата да се отпатува толку далеку за да се допре до себе?

За среќа не сум повеќе еден, 8 храбри и прекрасни луѓе од Македонија сме моментално во ашрамот.

Многупати и сам сум се прашувал од каде таа потреба да се отпатува толку далеку, посебно кога не знаев никој кој бил таму порано.

Секој човек сака да биде посреќен, посвесен и да види што повеќе има во животот од тоа што го знае и му е пред очите.

Верувам дека во животот на секој човек доаѓа до момент кога таа потреба ќе стане погласна од вообичаеното шепотење. Едноставно ја имав таа среќа тој момент да не го негирам во себе ова шепотење и да скокнам во непознатото.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 13

Многумина очекуваат дека со тоа што ќе стапнат во Индија, ќе доживеат некоја внатрешна преобразба, но според мене тоа е самозалажување. Таа промена треба да почне да се случува уште додека си дома. Со какви помисли и очекувања замина за Индија и со што се соочи по твоето пристигнување таму?

Дефинитивно, има голем вовед во целата приказна, ќе пробам да ја раскажам накратко.

Веројатно најбитниот дел од приказната почнува накај четвртата година средно. Средношколските години ми поминуваа во чести излегувања, пијанки и слични активности – но по низа случки за брзо научив како да поминам низ емотивна болка, да простам за првпат во животот. Запрв пат почнав да си поставувам битни и големи прашања за себе.

Откако почна мојата четврта година средно така јас почнав нагло да се менувам. Повеќето работи кои ги правев порано ми стануваа бесмислени и брзо ги напуштав една по една.

Во тој период почнав да практикувам медитација и почнав да се интересирам за духовност. Целиот тој период во мене роди огромна емпатија за светот и сè што гледав околу мене.

Тогаш често си размислував што ми е целта во животот. Емпатијата ме водеше и сакав да му помогнам на светот во кој гледав многу неправди и патење.

Решив дека ќе се посветам локално и да гледам да ја направам Македонија подобро место за живеење преку политички активности.

Следните години ги посветив токму на тоа преку активизам. Колку што бев поактивен надворешно толку на страна го тргав внатрешниот развој и медитацијата.

После неколку години интензивно и предадено работење пристигнав до една точка на реализација.

Сфатив дека го постигнав тоа што го сакав, но сепак не се чувствувам исполнето. Сфатив дека во процесот сум се претворил во она против кое се борев, но уште побитно сфатив дека иако надворешните промени кои ги направивме во тој период беа големи, сепак ништо не може да се промени ако не се променат луѓето, а луѓето не можат да се променат ако не се променам јас.

Тоа повторно ме врати во внатрешната потрага, во медитација и духовност.

После некое време трагање и медитирање почнав да се чувствувам дека лутам низ мојот духовен пат. Сакав да бидам на место или покрај човек кој го познава патот.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 1

Едно утро ја пуштив медитацијата Иша Крија од Садгуру која ја најдов бесплатно на интернет.

Ја пуштив сосема невино не знаејќи што ќе се случи понатаму. Искуството на таа медитација беше нешто што го немав доживеано дотогаш и ме остави фрапиран со денови, не знаев што е тоа но ми беше многу убаво на начин што не можев да го разберам.

Подоцна видов дека се работи за состојба која на англиски се нарекува bliss, а на македонски го имаме ретко користениот збор блаженство. Во тој момент не бев свесен, но тоа беше клучен момент за моето заминување во Индија.

Мојата психа беше вчудоневидена, ми беше толку убаво и потсвесно сум одлучил дека сакам повеќе од тоа, дека сакам да отидам таму од каде што потекнува ова. Следните месеци копнежот само растеше и почнував да правам планови како да отидам во Индија.

Моето пристигнување комплетно ми ги исполни очекувањата. Сфатив дека тоа е тоа што сум го барал целиот мој живот. Место и процес што навистина ќе ме направи исполнет.

Да знаев дека вакво место постоело на мои 18 години ќе трчав до тука.

Може да се каже дека Садгуру и фондацијата „Иша“ се виновници што илјадници луѓе од целиот свет решаваат да волонтираат во неговата организација, но како еден поединец може да стане дел од групата која посветено работи на ширење на универзалните вистини?

Многу побитно прашање е зошто 7 милиони луѓе низ целиот свет одлучуваат да волонтираат дел од своето време, пари и енергија за нешто што нив директно не ги засега?

Сите од тие волонтери ја имаат завршено програмата Inner Enginering во која е вклучена техниката Шамбави. Сите тие луѓе после самата програма и практикување на техниките доживеале одредена трансформација.

Нашле радост, задоволеност, енергичност и многу други работи. Најчесто кога ќе ни се случи нешто толку убаво едноставно не можеме да не го споделиме со секого. Едноставно сакаме и другите да го искусат истото.

Од друга страна волонтирањето е прекрасна алатка за себе трансформација бидејќи правиме нешто што не е за нас. Со тие активности ги кршиме нашите ограничувања и бариери.

Сепак волонтирањето не е ограничено само на Иша. Кога човек е радосен природно гледа да помогне онаму каде што е потребно.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 9

Во последен период медитација, просветлување и духовен мир станаа актуелни термини што секој втор ги користи. Ако веќе е тешко да се пренесе нивната суштина во неколку реченици, можеш ли барем преку своето искуство да ги насочиш луѓето каде и како да почнат да трагаат по вистинското значење на овие термини?

Хмм, иако не сум го достигнал последното просветлување сепак можам да кажам нешто за тоа. Дури и во нашиот секојдневен говор кога некој ќе ни укаже на некое големо откритие ние велиме: Еј, ме просветли!

Во суштина сите го одиме патот на просветлувањето потсвесно или свесно.

Сигурно ви се случило во даден момент од животот да сфатите дека некој ваш пријател не ви е пријател, да сфатите дека работата што ја работите не е за вас, дека некоја навика од вашето секојдневие веќе не ви е од помош и треба да ја напуштите.

Сите тие се моменти на просветлување. Тоа се моменти кога нешто што цело време ни било пред очи, но не сме го гледале одеднаш станува јасно и светло.

Моменти кога животот ни станал појасен односно посветол, кога сме сфатиле дека до сега сме живееле во некоја лага.

Ако продолжиме свесно да го следиме тој пат еден ден ќе стигнеме до последното просветлување, ќе ги видиме сите лаги во нашиот живот и ќе бидеме целосно просветлени.

Ќе се разбудиме од сонот што го живееме и може некој ќе нè нарече Буда.

petar keramitciev koga covek e radosen prirodno gleda da pomogne onamu kade sto e potrebno 7

За животот таму, прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg