Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, виното и ајварот ми се омилени“

Дали некој од твоето семејство те има посетено во Македонија? Како реагираа на твојата одлука да се преселиш тука?

Да, речиси целата фамилија ми беше тука, освен татко ми. И на нив многу им се допадна Македонија.

Реагираа доста добро. Ние се почитуваме и секој има слобода на избор и самостојни решенија.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-09.jpg

Колку навиките на Македонците се поинакви од навиките на Русите?

Во Русија се води многу посамостоен живот. Децата не живеат (и што е најважно не сакаат да живеат) со родители под еден кров. Многу порано тргнуваат во „слободно пливање низ животот“.

Во Русија повеќе се почитуваат личните граници, постарите лица и личниот став. Но и таму има голема разлика од голем град до провинцијален…

Од друга страна, тука луѓето се помеки, сакаат да помогнат, подружељубиви се. И тешко е да споредиш – затоа што сите сме различни.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-04.jpg

Какви се Русите во браковите и љубовните врски, а какви Македонците?

Како да одговорам на ова прашање – браковите се различни, како и луѓето. Како што пишувал нашиот прекрасен и познат писател Лав Толстој „Сите среќни фамилии се среќни на ист начин, но секоја несреќна фамилија е несреќна на свој начин“.

Во Русија (јас имам такво искуство, затоа што бев 10 години во брак) во браковите кај модерните млади фамилии се почитува слободата и важна е самореализацијата, ако тоа го сака едната или двете страни. Тоа значи дека жената не е должна да седи дома и да чува деца, ако на неа ѝ недостига кариерата.

Сите обврски се делат, и домашните исто така. Не е ништо трагично и понижувачки кога мажот ја чисти куќата и ѝ помага на жената или пак го чува детето.

За врските во Русија мажите имаат повеќе навика да се грижат за жените… Освен на почетокот на врската.

Тие им носат цвеќе и подароци, отвораат врата пред жената, им купуваат гардероба, ги канат на различни места (театар, кино, изложби итн.) за да ја освојат жената.

За во Македонија ништо не можам да кажам, немам многу искуство тука.

valerija-rusinka-koja-10-godini-zhivee-vo-demir-kapija-bev-shokirana-koga-prvpat-stignav-tuka-vinoto-i-ajvarot-mi-se-omileni-15.jpg

Колку сме исти, односно различни како менталитет?

Русија е многу голема и цврста држава и нема многу влијание од страна. Македонија е обратно – малечка и има огромно влијание од сите држави кои неа ја опкружуваат.

Но, ако споредуваме и ние и вие имаме исти работи. Религија, празници, обичаи… Тука сме слични.

И мислам дека бевме и многу поблиски во време на Југославија – тука се учело руски јазик, се читало руска литература.

Би можела ли да се замислиш некогаш повторно да живееш во Русија?

Не… и не сакам. Можеби би се охрабрила за уште една миграција, но не назад, туку напред, на ново место.

Повеќе фотографии од Валерија:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навеч... „Се станува околу 5 часот, следува ладен туш и почнуваме со различни јога вежби ...
Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насме... „Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg