Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка ми ја шиеше венчаницата преку видео повик“

„Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу зеленило, свежи цвеќиња и трепкави светла, a на крајот сите завршивме во базен, со сè вештачки трепки! Сакавме балканска музика, заигравме и едно оро, а локалците нѐ снимаа. Свадбата се организираше 10 месеци со помош на организатор од Бали“ – раскажува Бисера од Скопје за бајковитата свадба на Бали.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-001.jpg

Бисера Мартиновска (сега Бабиќ), 27, од Скопје живее во Окланд, Нов Зеланд, каде се преселила заради нејзиниот партнер, Борис од Босна, кој живеел таму со семејството.

Работи како менаџер во PR агенција со фирми како BMW, MINI и Пума, а неодамна направи бајковита свадба на Бали со 50 гости од целиот свет.

За CRNOBELO.com Бисера раскажува каква била организацијата на свадба во Бали од Нов Зеланд и како се одвивала церемонијата... 

Како се запознавте со сопругот, од каде е тој, како се одлучи да се преселиш, каде живеете и колку време?

Со Борис се запознавме на свадба во 2017-та. Тој беше кум на младоженецот, кој му е другар од детство, а невестата ми е мене братучетка многу одамна преселена за Нов Зеланд.

Правеа свадба во Србија од каде што потекнува зетот, па така и јас се најдов таму – многу случајно.

Борис е од Бања Лука, Босна, но со целото семејство е на Нов Зеланд повеќе од 20 години.

Не беше лесна одлука да се преселам, меѓутоа јас и студирав во Истанбул па така од своја 18-та година веќе не живеам дома – па тоа беше можеби и олеснителна околност.

А и имав поддршка од семејството, кое од почетокот е решено да гради „викендица“ во Окланд. Без тоа, тешко дека ќе се одлучев на таков голем чекор.

Отсекогаш сум верувала дека кога ќе го најдеш вистинскиот човек за тебе, не смееш да дозволиш да го испуштиш – дури и да живее на 17.000km далечина.

Сега живееме во Окланд и јас сум тука скоро 3 години.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-15.jpg

Како се одлучивте за свадба на Бали? Чија беше идејата и како беше прифатена од другиот партнер и од блиските?

Искрено, се веривме во 2020 во екот на ковид и не ни се брзаше за свадба – сакавме да почекаме и да направиме прослава со сите најмили, кои за жал се низ целиот свет.

Всушност, ни беше многу тешко да се одлучиме каде и како. Првиот избор ни беше Охрид – дури им кажавме на најблиските и се распрашавме на повеќе локации, подготвени да одбереме датум, меѓутоа се покажаа многу предизвици кога не си таму на лице место, а и сакавме нешто поразлично од хотел и не можевме да најдеме тоа што го бараме.

Секако тука е и факторот кој колку ќе треба да патува, кој од каде доаѓа и каде ќе биде сместен, јазичната бариера итн.

Повеќе месеци бевме во дискусии и всушност брат му на Борис еден ден ни рече „Кога не би морале да исполните никакви очекувања или обврски, што би правеле вие за вас?“

И двајцата на шега рековме дека би изнајмиле огромна вила на некој остров, каде што би била и свадбата, а и би ги сместиле сите гости – и прославата би траела недела дена. И на крај, тоа и го направивме!

Конкретно идејата за Бали беше на Борис, а и мене не ми требаше многу убедување. Го одбравме бидејќи е на „пола пат“ помеѓу Европа и Нов Зеланд, а и сметавме дека ќе биде интересно искуство не само за нас, туку и за сите присутни.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-12.jpg

Како течеше организацијата? Беше ли тешко да се планира свадба на Бали кога не сте таму? Како најдовте локации, како резервиравте, како договоривте сè и колку време траеја подготовките?

Многу полесно отколку што очекувавме. Првиот чекор беше да најдеме добар свадбен планер, бидејќи решивме дека тоа е полесниот начин на комуникација со кетеринг, декоратор, цвеќар итн. наместо ние, без никакво искуство.

Имавме интервјуа со 5-6 фирми, и откако ја одбравме вистинската личност за нас, сè течеше доста лесно. Сите одлуки беа наши, а јас и работам со настани за моите клиенти, па така знаев што точно да очекувам и да побарам.

Мислам дека е важен момент да имаш некого на лице место кој ја познава дестинацијата – инаку буквално одиш на слепо. Секако дека имаше и стресни моменти, најтешко би рекла беше шиењето на фустанот.

Бидејќи мајка ми го креираше и шиеше, сите подготовки беа преку видео повици па додека не го видов во живо не можев да си поверувам дека тоа е тоа. Но, штом го видов – се заљубив!

Дефинитивно и музиката беше важен момент кој донесе стресови – најмногу бидејќи сакавме и балканска музика, а можеш да замислиш кои беа шансите да ја најдеш на Бали!

На крајот работевме со балкански DJ кој ни подготви некои 150 песни, па потоа со локален DJ да му објасниме која песна кога би одговарала итн.

На крај, испадна супер, а морам да признаам дека се заврте и едно оро – хаха.

Подготовките траеја околу 10 месеци.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-22.jpg

Колку гости имаше на свадбата, од каде беа гостите и колку беше лесно или тешко да се организира да пристигнат „на другиот крај од светот“? Колку време престојувавте таму?

Имавме 50 гости, што е повеќе отколку што мислевме дека ќе имаме! Морам да признаам дека таа организација беше најтешка, бидејќи имавме гости од цел Балкан, плус Португалија, Германија, Англија, Нов Зеланд (секако), Австралија и Бразил.

Се потрудивме да им дадеме колку што е можно повеќе информации и најдобар начин да се лета до таму, а и кој датум е најпогоден да стигнат.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-07.jpg

Имаше ли моминска забава? Каде и како беше организирана?

Имав две! Пред да летаме за Европа во септември, другарките од работа и снаите ми организираа супер журка во Окланд.

Потоа на Бали, два дена пред свадбата, мојата најдобра старосватица, Илина, ми организираше девојачко со сите женски дојдени за свадбата (околу 15-тина) во огромен beach club.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-04.jpg

Имаше и подготвено преслатки персонализирани поклончиња за сите присутни – препрезадоволна бев и беше одличен начин да се почне со забава.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-14.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умо... „Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав д...
Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди н... Филип Иванов (33), веќе 5 години работи како пастор во Велес и во интервју за CR...
Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg