Кристина Георгиевска, организатор на свадби: „За странците тренд е Ракија Барот со упатство за пиење, хит дестинација за свадба сега е Берово“

Која дестинација е најпосакувана и барана и зошто?

Најпосакувана дестинација за свадбена прослава во моментот е Берово, преубаво место во источниот дел на Македонија, спремно за уникатни приватни веселби по пристојни цени и прекрасна храна од Малешевијата.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-11.jpg

Што е најактуелно периодов во поглед на свадби? Нешто што сите го сакаат и бараат?

Моментално најактуелно е Kids corner, место каде што има анимација за најмалите гости на свадбата секако таму има одговорно лице кое ги анимира дечињата, најчесто цртаат слики за невестата или играат некои игри, а со тоа родителите се слободни да се забавуваат.

Кога би споменале за тренд што сите го сакаат би можело да се издвои Welcome drink, нашите младенци најчесто го прават на влезот со Prosseco, а додека кај младенците од странство како тренд можеме да го издвоиме ’Ракија Барот‘ на кој пишуваме упатство за пиење на ракијата за да не дојде до несакани сценарија.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-03.jpg

Сезонава видовме многу венчавки во Охрид на брод – колку е тешко да се организираат, како се снаоѓаат гостите со забава на пловечки брод?

Венчавка на брод е навистина убаво, и воопшто не е комплексно за организација, но со висок ризик фактор поради временски услови, бидејќи при лоши временски услови не би било пријатно да сме на брод, сепак сме повеќе за венчавки на копно.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-12.jpg

Сте имале ли некоја несакана ситуација? 

Несакани ситуации ни предизвикуваат работите кои не зависат од нас, како на пример имавме неколку свадби на кои фотографиите на младенците беа комплетно уништени поради лошото и непрофесионално осветлување и ефекти во ресторанот.

Осветлувањето е на прво место кога се работи за добри фотографии, бидејќи моментот на свадбата нема реприза би ги советувале идните младенци да ангажираат професионална компанија која би се погрижила за осветлувањето и ефектите, а не некое непрофесионално лице, најчесто некој од келнерите да е одговорен за светлото на прославата.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-13.jpg

Која е најуникатната свадба што сте ја организирале? 

Тешко е да се одлучиме, сепак сите свадби се наше уникатно дело, но може да се одвои оваа сезона свадбата на еден пар од Гевгелија, прославата беше во тоскански/италијански стил, сите детали од избор на локација, декор, музика, стилизирање на простор, торта ама буквално секој детаљ беше во тој стил малку необичен за нашите простори, но сепак навистина уникатна свадбена прослава за паметење.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-02.jpg

Колку време е потребно за целосно да се организира една свадба? Што ви е најтешко при организацијата?

Во зависност од колку гости ќе бидат на свадбата, најдобро е од 12 до 15 месеци однапред да биде првата комуникација со цел да има доволно временски период за избор на соодветна локација, добар бенд, фотографи бидејќи сите добри екипи се зафатени една година однапред.

Најтешко при организација на една свадбена прослава е комплетирање на финалното сценарио и агенда според барањата и замислите на клиентот.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-14.jpg

Ваш совет за сите идни младенци…

Би ги советувале да не ја оптеретуваат агендата на денот на свадбата, дополнителните активности покрај вечерната прослава како што се одење по невеста, црквената церемонија и матичното може да ги направат претходно со цел дента на прославата да бидат одморени и спремни за сопствената забава.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo--.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Денис Арслановски: „Раскошот и изобилието се одлика на ромските свадби, а на невестата никако не се ... „Mузиката е со особено значење на ромските свадби. Кога е музиката во прашање не...
Мукадес Ислам од Битола за турските свадби: „Во кафето на младоженецот се става сол, невестата се да... „Младоженецот заедно со неговите родители со букет цвеќе и слатко, најчесто локу...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...
Љубовната приказна на Американец женет со Македонка: „Ева ме запроси прва, правевме 3 свадби, но сак... „На крајот направивме вкупно 3 свадби. Прво се венчавме во судница во Санкт Пете...
Кристина Димитри за родното Тетово: „Во Лешок го наоѓам мирот, на Попова Шапка сакам да испијам чај ... „Името Тетово, според една народна легенда, е врзано со еден необичен настан. Во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg