Ива Матиќ, прва жена пилот во Wizz Air од Македонија: „Одговорноста е иста – без разлика дали има двајца или двесте патници“

Како гледаат колегите кај тебе? Има ли многу жени пилоти? Си била ли дискриминирана?

Во Wizz Air има високо професионална работна атмосфера, која е воглавно интернационална, и досега сите колеги се однесувале професионално и со почит.

Додека сум во Wizz Air не сум била дискриминирана. Иако сè уште жените се реткост во овој сектор, со нетрпение го очекувам денот кога веќе нема да биде така.

iva-matikj-prva-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-odgovornosta-e-ista-bez-razlika-dali-ima-dvajca-ili-dveste-patnici-08.jpg

Си имала ли некои панични ситуации досега, која е постапката? Можеби силно невреме, птици во моторот итн...

„Паника“ како збор во мојот речник не постои.

Инаку, секако не секогаш летаме на мирно небо, но авионите се нови и современи и има опрема која ни овозможува да избегнеме неповолни временски услови.

Знам дека на дел од патниците не им е пријатно кога има турбуленции, а добар дел од тие патници мислат дека тоа е по вина на пилотот, што воопшто не е точно. Турбуленциите се неизбежен дел од летовите и се последица на природните појави во нашата атмосфера.

Меѓутоа, пилотите се обучени за справување со секоја ситуација, па и лет во турбуленции, а и авионите се дизајнирани да издржат турбуленции многупати посилни од оние кои воопшто е возможно да се случат.

Птици во мотор досега сум немала, меѓутоа и со таа ситуација сме подготвени да се справиме, имаме процедури и за тоа.

iva-matikj-prva-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-odgovornosta-e-ista-bez-razlika-dali-ima-dvajca-ili-dveste-patnici-02.jpg

До која дестинација леташ периодов? Кој ти бил најдолг лет? Кај сè имаш летано?

Во јануари летав до Хамбург, Осло, Ајндховен, Базел, Берлин, Гетеборг, Франкфурт, Болоња.

Најдолг лет досега ми бил оној до Лондон, кој трае три и пол часа.

Инаку, имам летано и до Париз, Малта, Валенсија, Крит, Темишвар, Будимпешта, Тарагона, Леида, Бари, Рим, Милано, Фридрихсхафен, Меминген, Приштина, Бања Лука, Ниш, Белград, Копенхаген, Малме, Дортмунд, Келн, Андора, Жирона, Сабадел, Брисел, Охрид...

iva-matikj-prva-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-odgovornosta-e-ista-bez-razlika-dali-ima-dvajca-ili-dveste-patnici-06.jpg

Кои се твоите одговорности при еден лет?

Има многу, неколку од нив се: подготвување на летот уште од дома, потоа пресметување на перформансите на летот, обиколка на авионот пред полетување, одредување на количините на гориво, внесување на податоци во системот за перформанси и навигација на авионот, комуникација со контролата на летање, управување на авионот од позицијата за паркирање пред полетување до излегување на писта, полетување, следење на параметрите во секој дел од летот, подготовка за слетување, слетување, и уште многу други детали во секој фаза од  летот.

Кои се најчестите грешки кои ги прават патниците?

Стануваат кога не треба да станат и не седнуваат кога треба да седнат. Протоколите за однесување на патниците пред, за време на, и после летот се дефинирани со причина, заради нивна безбедност. 

Колку години небото ти е „канцеларија“? И колку беше тежок патот до ова? Какви обуки имаше за да станеш пилот?

Небото ми е канцеларија и дом веќе единаесетта година.

Сѐ започна кога во 2012 година завршив интензивна обука за воен пилот на хеликоптер Ми-8 во Армијата на Република Македонија, каде работев 6 години.

Потоа, завршив повеќегодишна обука за комерцијален пилот на патнички авион во Литванија и Шпанија во периодот 2019-2021, и конкретна обука за тип на авион Airbus A320/A321 во Тулуз, Франција во 2021.

Патот беше тежок и макотрпен, но тоа го прави уште поголемо задоволството кога ќе погледнам наназад и ќе видам што сѐ сум изминала.

iva-matikj-prva-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-odgovornosta-e-ista-bez-razlika-dali-ima-dvajca-ili-dveste-patnici-03.jpg

Kaко изгледа процесот на интервјуа и вработување?

Процесот е составен од неколку етапи како што се интервју со персонал од секторот за човечки ресурси, интервју со пилоти, теоретска проверка преку испити и усни прашања, проверка на вештините преку задачи на компјутер, психолошки тестови, темелни здравствени прегледи, проверка на симулатор, проверка во тек на лет.

Дел од тие проверки ги имаме и после вработувањето на годишно ниво со цел потврдување на подготвеноста и обученоста и продолжување на нашите дозволи, и еднаш годишно медицински проверки во установа сертифицирана од европската агенција за безбедност во летањето.

Работи кои секогаш ги правиш пред почетокот од летот....

Пред почетокот на летот почнува подготовка на самиот лет од дома, потоа одење на аеродром во канцелариите на Wizz Air, каде што со капетанот и кабинскиот персонал имаме брифинг пред упатување кон авион.

Потоа одиме кон авион, и пред лет ги правиме сите потребни подготовки за летот. Целиот процес е збир од постапки и процедури зависни една од друга.

iva-matikj-prva-zhena-pilot-vo-wizz-air-od-makedonija-odgovornosta-e-ista-bez-razlika-dali-ima-dvajca-ili-dveste-patnici-11.jpg

Те нервира ли аплаузот кој го има некогаш на крај од летот? Го сметаш ли за соодветен?

Напротив, симпатично е, но во пилотската кабина воопшто не се слуша аплаузот, ние само си ја вршиме својата работа, но секако благодарам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“ „Сама сум често со двете деца, сопругот не дека не сака да биде со нас, туку так...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Биљана Анѓушев 10 години живее во САД: „Отидовме со 13-месечно бебе, тешко најдовме работа со сопруг... „Моето семејство сметаше дека веќе имаме сè што ни треба во Македонија. Мис...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава