Ефремов во Лондон истрча личен рекорд

efremov-vo-london-istrca-licen-rekord

Македонскиот атлетичар Кристијан Ефремов, единствен од четиричлената македонска експедиција, го оправда своето учество на Олимписките игри во Лондон.

Ефремов во квалификациите на трката на 400 метри го истрча својот најдобар резултат во кариерата.

Трката ја заврши како претпоследен во својата група, со личен рекорд 47,93. Ова постигнување е за 34 стотинки подобро време од резултатот со кој Ефремов беше пријавен за настап на 30-те Летни олимписки игри.

Македонскиот репрезентативец зад победникот во групата Биндер од Бахамите имаше послабо време за три секунди.

Македонскиот рекорд на 400 метри е во сопственост на Исламил Мачев, тој изнесува 46,27 секунди, истрчан во Казабланка, во далечната 1983 година.

Инаку во квалификациите настапи и Јужноафриканецот, Оскар Писториус, атлетичар со инвалидитет, кој трча со специјални протези. Писториус ги мина квалификациите, откако во својата група го освои второто место, тој имаше време од 45,44 секунди.

04.08.2012 (Макфакс)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg