Премиум Ауто Зентрум повеќе не е импортер на Јагуар Ланд Ровер и најавува новитет во Македонија
На 01.06.2015год. Премиум Ауто Зентрум склучи импортерски договор со Јагуар Ланд Ровер ЛТД за продажба и сервисирање на возилата од нивната производна програма.
Премиум Ауто Зентрум поседува сопствен продажно сервисен центар изграден според новите стандарди, кој истовремено беше земен за пример за изградба на идните објекти во регионот и пошироко.
По истекот на едногодишниот договор, понудениот нов договор, не е од страна на принципалот Јагуар Ланд Ровер ЛТД, туку од новоформирана фирма од Унгарија, Валис Адриа со канцеларија во Загреб која е со дистрибутерски статус, а ќе биде одговорна за целиот регион од Словенија до Македонија и Албанија и ќе има назначено дилери.
Премиум Ауто Зентрум доби понуда за дилерство кој е степен надолу во односот на импортер, а е контрадикторен со капацитетот и планот врз кој Премиум Ауто Зентрум се заснова и предвидува зголемување на цени на автомобили и резервни делови.
Премиум Ауто Зентрум докажа дека за македонските клиенти овозможи стандарди и критериуми кои ги ужива секој клиент на брендовите Јагуар и Ленд Ровер во светот. Услови кои клиентите ги заслужуваат и е неприфатливо да се оди чекор подолу.
Договорот за дилерство не е склучен. Одлуката е донесена врз основ на анализа на работењето на минатите 12 месеци и анализа на пазарот.
За сите сервисни интервенции во гарантен рок, клиентите ќе бидат информирани од страна на дистрибутерот.
Премиум Ауто Зентрум со својот продажно сервисен центар продолжува непрекинато со работа, а за неколку месеци ќе се презентира нов модел на работа кој досега не е застапен во Македонија.