Расфрлана облека, ќеси, патики – Ана Николиќ живее во хаос, ја покажа и ќерката додека се забавуваат дома (видео)

„Малечката е преслатка, а ти крени го задникот и среди си го домот“ – пишуваат фановите на Ана Николиќ откако објави ретко видео со ќерката на кое таа пробува нејзина облека, а се гледа хаосот. Расфрлани кеси насекаде, масата е во неред, среде соба има продолжен кабел и залутана патика...

ana-nikolikj-se-zabavuva-so-kjerkata-i-pokazha-vo-kakov-nered-zhivee-doma-sredi-si-ja-kukjata-01.jpg

Периодов Ана Николиќ често е мета на критики во јавност, заради нејзиното скандалозно однесување, посебно со партнерот.

Таа објавуваше кавги со него и го обвини за семејно насилство, а потоа замина со него на Малдиви и се венчаа, но драмите повремено уште траат.

Сега таа на Инстаграм после долго време ја покажа ќерката, во видео на кое Тара пробува нејзини фармерки и двете се смеат и забавуваат со интерни шеги.

На видеото Тара, која ја има од бракот со Раста, изгледа слатко и среќно, а во некои моменти Ана со помош на филтри го прави нејзиното лице со шминка, што делува малку страшно.

„Малата е царица / Иста е како татко ѝ / Колку слатко се смее детето“ – пишуваат во коментари фановите за наследничката на Ана.

ana-nikolikj-se-zabavuva-so-kjerkata-i-pokazha-vo-kakov-nered-zhivee-doma-sredi-si-ja-kukjata-02.jpg

Но, освен што многумина ѕирнаа како изгледа нивното секојдневие и однос, не остана незабележан хаосот кој владее во домот на пејачката.

Насекаде има расфрлани ќеси, веројатно од шопинг, масата е во неред, среде соба има продолжен кабел, но и залутана патика и уште многу други расфрлани работи.

„Малечката е преслатка, а ти крени го задникот и среди си ја куќата“ – ѝ искоментираа.

ana-nikolikj-se-zabavuva-so-kjerkata-i-pokazha-vo-kakov-nered-zhivee-doma-sredi-si-ja-kukjata-03.jpg

Српските медиуми пишуваат дека живее во стан во срцето на Белград од 500.000 евра, но на снимката нема ни трага од луксузот за кој се зборува.

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава