Сања Маринковиќ искрено за разводот: „Се договоривме дека ќе се разделиме кога ќе престане љубовта за да не почнеме да се мразиме“
- Детали
- сабота, 04 јули 2026
„Не е срам да се разведеш, туку да бидеш во брак кој не е достоен за тебе. Срамно е децата да живеат со родители кои се во брак само затоа што им е важно што мисли сосетката, а не како се чувствува детето“, рекла популарната српска водителка.

Една од најпопуларните српски водителки, Сања Маринковиќ, на почетокот на 2020-тите се разведе од сопругот Александар Ухрин, со кого беше во брак една деценија, а со кого го има синот Страхиња.
Водителката денес не зборува за својот љубовен живот, но често раскажува за разводот.

Иако и ова го криела на почетокот, откако собрала сили да му каже на синот дека таа и неговиот татко се разделени, а тој го прифатил разводот многу зрело, Сања решила да ја сподели информацијата и со јавноста.
Сега, таа открива и детали за она низ што поминала, а со цел да ги охрабри жените кои минуваат низ процес на развод или размислуваат да направат таков чекор, да не остануваат во лош брак или брак без љубов само поради околината.
Сања смета дека на разводот не треба да се гледа како на неуспех, туку како на правилна одлука кога љубовта и меѓусебното почитување исчезнуваат.

Признава и дека кај неа разводот бил неизбежен, бидејќи таа и нејзиниот поранешен партнер се оддалечиле со текот на времето, престанале да се надополнуваат, а ја снемало и љубовта што ја чувствувале еден за друг.
„Повеќе не се надополнувавме, а се согласивме дека кога ќе дојде до тоа да престанеме да се сакаме, да се разделиме, за да не почнеме да се мразиме“, рекла таа во интервју за „Блиц“.
