Српска водителка со исповед: „Јас и сопругот имавме 3 разводи - еден меѓу нас, еден пред синот и трет пред јавноста“
- Детали
- четврток, 18 декември 2025
Се вели: „Разводот боли како смрт, затоа што умира животот што си го замислувал“ и „Разводот е тивка смрт: без погреб, без сочувство, а со исто толку солзи“. Па, токму за ова болно искуство искрено проговори и водителката Сања Маринковиќ.

Српската водителка Сања Маринковиќ искрено проговори за разводот со таткото на нејзиниот син Страхиња, кој денес е центарот на нејзиниот свет.
Сања стапила во брак со Александар Ухрин во 2011 година.

Сепак, по десет години љубовта згаснала, а Сања Маринковиќ често зборува за разводот, со цел да ги охрабри жените кои минуваат низ оваа фаза.

Во гостување во една српска емисија вели дека од Александар се развела не еднаш, туку трипати, но на ова се мисли симболично.
Сања за овој период од животот вели:
„Мојот поранешен сопруг и јас имавме три развода.
Првиот и најболен беше дома, за нас двајца и нашето најблиско семејство, вториот кога нашиот син Страхиња се соочи со тоа, и последниот – за медиумите.
Првиот ми падна најтешко, бидејќи кога се мажев, сонував дека тоа ќе биде за цел живот, затоа и се омажив дури во триесеттите.

Страхиња долго време не знаеше дека сме разведени, бидејќи се плашев како ќе го прифати тоа.
Од друга страна, не сакав ни од медиумите да дознае дека родителите му се разведени.
Целта ми беше прво сè да средам дома, па дури потоа да му ја објаснам ситуацијата.

Во моментот кога ми рече: „Мамо, тоа е само развод“, сфатив дека е време и јавноста да дознае.
Со години се занимавам со животите на познатите личности и со теми што ги интересираат жените, би било неискрено од мене да кријам нешто такво, па оттогаш зборувам јавно за разводот“.
Инаку, поранешниот сопруг на Сања Маринковиќ повторно се ожени и со сопругата Јелена доби ќерка, а Сања не открива детали за нејзиниот приватен живот.


Прочитајте и Факти за Сања Маринковиќ: Работела во бутик пред да стане славна, се венчала во лимузина на пат за Париз
С. С. | Црнобело